Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

И тоа го имаме: ,,Бостан фест” во село со две продавници! Уште еден голем успех на оваа власт и комисијата контра криминалот

Ако можеме со сигурност да се пофалиме со нешто, тоа е дека речиси секоја општина или мало населено место во земјава си има своја културна манифестација, фестивал или општински забавен настан, каде се слави со познати музички имиња.
Па, ако во Дојран цели три дена, од 9-ти до 11-ти август се славеше фестивалот ,,Риба и вино” со десетици познати фолк и поп пејачи, наредниот викенд продолжува во знакот на фестивалите во битолското село Егри. Таму во петок, на 17-ти август ќе се одржи ,,Бостан фест 2019” и веќе се најавени музичките гости кои ќе ги забавуваат присутните. Татјана Лазаревска, Дарко Билбиловски и групата ,,Маестрал” ќе пејат на фестивалот, а организаторите на рекламните плакати повикуваат на песна, оро и лубеници. Ветуваат настан со весела песна и ладни пијалоци.

-Секоја година традиционално свириме на ,,Бостан фест” бидејќи нашиот колега, вокалистот Иле потекнува од селото. За да биде побогата програмата се покануваат уште неколку пејачи, има играорни групи. Доаѓаат гости од сите пелагониски села, весела е атмосферата, има многу иселеници, луѓе од Битола, од околината – ни изјави Сашо Петкоски од групата ,,Маестрал”.

Манифестацијата ,,Бостан фест” во село Егри за прв пат се одржала во 2012 година. Тогаш за медиумите, организаторот Панде Митровски, претседател на месната заедница, изјави дека идејата за настанот му ја дал пријател и ќе се потрудел да стане традиција. На првото издание настапија Јордан Митев, Слаѓана Милошевска и други музичари. Инаку, Егри е мало село со околу 300 жители. На официјалната страница на селото е истакнато дека има две продавници, амбуланта, основно училиште до петто одделение, црква, манастир и играорна група Етно Илинден.

loading...