Search
петок 14 декември 2018
  • :
  • :

И СПИРЕ ЗАЛИЖАНИОТ ДАВАЛ НАРЕДБИ НА 27-МИ АПРИЛ ОД ШТАБОТ НА 8-МИ КАТ ВО СЕДИШТЕТО НА ВМРО ДПМНЕ ВЕЧЕРВА АПС ЗА ТЕБЕ И БРИШКОСКА

loading...

Александар Василевски Нинџа во своето шокантно сведочење за настаните на 27 април денеска со име и презиме посочи кој давал наредби за упадот на 27 април во Собранието, но никој не очекуваше дека ќе го спомене и името на Спиро Ристовски, тогашниот заменик-министер за образование и култура, кој барем досега пред јавноста делуваше како „пацифист“.

Обвинетиот Нинџа сведочеше дека инструкциите се давале од палатата „христо Татарчев“, односно на осмиот кат партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, а таму „птабот за наредби“ бил составен од Билјана Бришковска, заменик-министер за правда, Спиро Ристовски и веќе притворените Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Митко Чавков.

– Влегов внатре и седнав на една маса, како се движеше толпата така се даваа наредбите. Бришковска комуницираше со Трајко Вељановски, истиот и даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески мислам и тврдам за Спиро Ристовски комуницираа со Бетмен Велит. Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје со директива од партијата. Сакам да нагласам дека од тука се координираше сето тоа што се случи на 27 април – рече Нинџа.

ЗАМЕНИК НАЧАЛНИКОТ ВО ДБК КОЈ СЕГА Е ВО БЕГСТВО ВО ГРЦИЈА БИЛ ГЛАВНА ЅВЕЗДА, КРШЕЛ СО ЧУК ХАРД ДИСКОВИ ОД СОБРАНИЕ И ГИ ФРЛАЛ ВО ВАРДАР

Во тајна просторија на Петтата управа околу полноќ на 27 април лани, по организираниот напад на Собранието, обвинетиот Александар Василевски-Нинџа присуствувал на уништување на украдените хард дискови од Собрание.

„Беа црни. Ги стави Никола Бошкоски на преса. Ги здроби. Парчињата потоа ги истури во Вардар“, сведочеше Нинџа, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани.

„Ми кажа дека обвинетиот Сашо Марковски од УБК ги украл сите снимки. Дека сите снимки се избришани и оти нема никого да го има на снимка дека бил во Собрание. Така работи Петтата управа“, кажа Нинџа.

Тој се обрати пред судот дека бил во бегство зашто имал притисоци од ексначалникот на Петтата управа Горан Грујевски да не се предава. Дека тој бил, како што кажа, „мостот“, но на крајот одлучил сам да се предаде.

Горан Грујевски и Никола Бошкоски се избегани во Грција, а тамошниот Врховен суд донесе одлука тие да не бидат екстрадирани во Македонија.

„Во 14.30 часот на 27 април ми се јави брат ми Благоја Василевски од Виена. Ми се јави да праша за мајка ми, болна е од рак. Тој беше обезбедување на поранешниот премиер Груевски. Беше на работен состанок со него во Виена. Претходно за да се чујам, му пишав неколку пораки: ’Можеш ли да збориш?‘“, кажа Нинџа за повикот од брат му.

Според обвинителниот акт, Благоја, кој на 27 април со Груевски бил во Виена, во 14.30 часот му се јавил на Нинџа, по што почнала акцијата за напад на Собранието.

ИЗВОР: СДК.МК

loading...