Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Христијан Мицкоски: Имам работено како хигиеничар

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција одговарајќи на прашање дали е вистина или не, дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија како стипендист, рече дека своевремено во приватниот сектор работел и како хигиеничар.

„Дипломирав со просек 9,61 на Машински факултет, најпрво работев како хигиеничар во приватна компанија, потоа како монтажер, за на крај да добијам понуда за директор. Потоа се вработив при тајно гласање на Машинскиот фаултет како помлад-асистент. Тогаш поминав студиски престои во Италија, Унгарија, Словенија, докторски престои во Германија како стипендист на италијанската и германската влада“, рече претседателот на најголемата опозициска партија.

За магистрирањето и докторирањето во Италија и Германија вели дека е извртување на вистината од страна на власта и дека има труд што е објавен во „Тејлор и Френсис“, како и неколку други трудови во библиотеките.

loading...