Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Gulf (Галф) Македонија дел од легендарната Ле Ман трка

24 часовната Ле Ман трка, оваа година го бележи своето 87-мо издание. 24 часа трка на патеката Де Ла Сарт, која бара од спортските автомобили врвна издржливост и натчовечки напори на возачите и тимовите. Gulf (Галф) Македонија, како дел од големото интернационално Gulf (Галф) семејство е дел од овогодинешната трка, бодрејќи гo Porsche тимот на спортската Gulf (Галф) дивизија и тимот на Dragon Speed, кој оваа година се натпреварува во познатата сино-портокалова Gulf (Галф) комбинација. 99 возачи и спортски тимови се дел од 87-мото издание на најпознатата трка за издрживост во светот која се вози во Франција. Победник на 24 часовната трка оваа година е Фернандо Алонсо со тимот на Тојота, придружуван од Казуки Накаџима и Себастијан Буеми. Gulf (Галф) како верен поддржувач на мотоспортот на две и четири тркала и оваа година е дел од најнапорната и најиздржлива трка во светот, со свој претставник во падокот на Gulf (Галф) тимовите.

loading...