Search
вторник 18 јуни 2019
  • :
  • :

Груевски го следат 223 илјади луѓе на фејсбук: Тој следи малкумина, меѓу нив и една страна за жените

Од чиста љубопитност отворивме да видиме кого следи на facebook бившиот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.

Груевски следи: Здрава бременост, официјалната „Фејсбук“ страница креирана од Министерството за здравство, фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, германската канцеларка Ангела Меркел, Македонската православна црква, Европската народна партија (ЕПП), Бигорскиот манастир, официјалната „Фесјбук“ страница на британскиот премиер, страницата „Инвестирај во Македонија“, следбеник е на фан-страниците на неговите најблиски соработници Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Владимир Пешевски и Зоран Ставрески, но ги следи и експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ексградоначалниците Тони Трајковски, Коце Трајановски, Владимир Талески, како и за Никола Попоски, Антонијо Милошоски, Емил Димитриев.

Фото

Груевски е многу актуелен на фејсбук во последниот период, а често знае да објави или сподели некој свој статус за разлика од периодот по бегството кога ретко се појавуваше на социјалните мрежи.

Последната негова објава е на 8 април кога изрази сочуство за Билјана Беличанец за која имаше само пофални зборови. Претходно, во неколку свои статуси со цинизам ги коментираше судските одлуки во Македонија за премиерот Зоран Заев, во споредба на одлуките донесени за него.

Груевски претходно пишуваше статуси и за неговите некогашни соработници Митко Чавков, како и за како што вели, политичкиот прогон за него и неколку негови соработници од ВМРО-ДПМНЕ.

loading...