Search
сабота 20 април 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Груевски ги извадил 120-те илјади евра од неговата сметка да му се нашле во затвор за телефон?!

Bо најновото интервју од Будимпешта, овој пат за порталот Инфомаkс, бегалецот Никола Груевски прашан зошто во септември минатата година два ипол месеци пред да побегне од земјата ги повлекол сите пари од неговите сметкии во банките во Македонија вели дека се спремал за затворската казна и дека за таму му требале пари.

Парите ги извадов за да преживувам зошто во затвор не ти поминуваат картички, вели Груевски.

Груевски додава дека во затвор сите знаат дека телефон се купува за 300 евра и се плаќа во кеш, а не со карти.

Бегалецот и поранешен премиер Груевски тврди дека никој ни од власта ни од неговите не му помогнал туку дека само добил совет од судија кој не сака да го именува кој преку заеднички пријател му пренел дека не му е јасно зошто седи и не бега кога е јасно дека, според него, немал направено никаква злоупотреба или криминал, но под директива на власта и Заев ке биде осуден.

Бегалецот кој Инфомакс го нарекува дисидент тврди дека наводно од СЈО добил понуда да ги накодоши другите негови соработници ако сака тој да се спаси но наводно тој одбил.

Разочаран бил од многу кои ги сметал за пријатели и тврди дека воопшто не се мешал во изборот на неговиот наследник на чело на партијата и дека заради таквиот негов став заработил многу нови од блиски соработници непријатели оти очекувале и сакале тие да се најдат на таа позиција.

СЕ МЕСТИ ЛИ ТЕНДЕРОТ ЗА ВАКЦИНИ?
Битката за бизнис зделката за вакцините ја водат пет компании, но можеме да претпоставиме дека од игра ќе испадне фирмата „Македонија Лек“, која повеќе не е застапник на „Глаксо Смит Клајн“. На самото отворање на понудите постоеја обвинувања за местенки и фаворизирања на фармацевтски компании блиски до власта

loading...