Search
петок 10 април 2020
  • :
  • :

Градоначалникот на Велес, Коцевски и неговата сопруга се во самоизолација!

Македонија

Заболени
663
Мртви
30
Излечени
37
Активни
596
Last updated: 10/04/2020 - 06:49 (+02:00)

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и неговата сопруга се во домашна самоизолација. Сопругата на Коцевски, којашто е лекар, имала контакт со двајца од инфицираните со корона вирус од Велес, па поради мерки на безбедност и тој останал во доброволна самоизолација.

За ,,Фокус” градоначалникот открива дека располага со информација како позитивните лица од Велес претходно имале контакт со сопругот на докторката од Кавадарци.

Инаку, докторката од ЈЗУ Кавадарци и нејзиниот сопруг вработен како функционер во ЈП Македонски шуми, се првите случаеви на опасниот вирус откриени во Тиквешијата.

-Во доброволна изолација сум и работите ги извршувам од дома. Мојата сопруга им е матичен лекар на двајца од инфицираните со корона вирус во Велес. Според информациите со кои располагам, вирусот е пренесен од едно од заболените лица од Кавадарци, односно од сопругот на докторката – вели градоначалникот. Додава дека тој и неговата сопруга засега се чувствуваат добро и немаат никакви симптоми. -Ги очекувам резултатите од земените примероци. Досега се земени брисови од 35 лица. Постапките ќе продолжат и во наредниот период – ни изјави Коцевски.

Во Велес се откриени три позитивни случаеви на вирусот. Во Кавадарци пак, беа тестирани 67 лица кои биле во контакт со позитивните сопружници. Според директорот на ЈЗУ Кавадарци, Др. Диме Коцев, сите резултати биле негативни, но лицата останувале во домашна самоизолација во наредните 14 дена.

ФОКУС

loading...