Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Градоначалникот на Кочани демантира дека имал конекции со тепачот од градинката

Тенденциозни лаги!

Почитувани,

Најостро реагирам и барам извинување за изнесените лаги на Вашиот портал, Доказ.мк, во текстот под наслов „Нападнати вработени во градинка во Кочани“. Сметам дека вмешувањето на градоначалникот во случајот во Детската градинка во Кочани е тенденциозна конструкција на невистини за омаловажување и удар по интегритетот на мојата личност, пред сѐ како човек.

Морално и одговорно тврдам дека никогаш не сум имал контакт со лицето што го извршило нападот; не го познавам, никогаш не сум разговарал со него, ниту пак со полицијата за него.  Вработените во Градинката кои биле мета на нападот  ги примив по нивна иницијатива, што сметам дека е моја должност и грижа кон нив.

Како градоначалник и како човек, најостро ги осудувам сите настани во кои се нарушува јавниот ред и мир, настани со кои директно се нарушуваат човековите права во институции каде престојуваат деца.

Очигледно е дека објавата за немилиот настан е искористена за личен напад кон мене, за што се одговара.

 

Николчо Илијев,

градоначалник на Општина Кочани

Градоначалниче не се курчи многу ситна риба си писмо беше тоа не наш текст и писмото си имаше автор и се шо следи, а малце ке те истражиме тебе чим си курназ да видиме какви криминалии ти правиш во Кочани, на око ни си..воедно сите пријатели од Кочани ги покануваме да ни пратат материјал за градоначалников што тоа он прави таму…

loading...