Search
недела 16 јуни 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Градоначалникот Богдановиќ немилосрден, урна тераса и на кафана што требаше да се отвора утре, aма бидејќи се вика Шпајз имало глувци таму та затоа урната е

Општина Центар од денеска започна акција на уривање на дивоизградени летни тераси на дузина угостителски објекти, а повеќето од нив во налетот на службите на локалната самоуправа сами почнале да ги демонтираат.

Една од нив е и новата кафана „Шпајз“, која според најавите, со работа требаше да започне утре, од општина раководена од градоначалникот Саша Богдановиќ велат дека терасата е турната бидејќи е изградена бесправно и дека уште кај други 12 други вакви слични објекти почнале да се отстрануваат самоиницијативно.

Утрово работници ангажирани од Општината почнаа со уривање на дивата терасата на новата кафана на Боемска улица, кое се протега со самата улица Орце Николов.  Има решение за уривање затоа што нема дозвола за поставување тврда градба од општината и не може да го оградат цел простор затоа што со ДУП-от се предвидени паркинг места на просторот.

Кај сите објекти е констатирано дека отстапуваат од урбанистичкиот план и дека се протегаат на јавна површина.

loading...