Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Горан Филипов доби тендери вредни седум милиони евра откога Филипче е министер за здравство

ДЕБИЛААНА

Де прашајте го Вице мене ми е лут со Столе од Струмица стварно ли го лапнале осветлувањето во Куманово?

Горан Филипов доби тендери вредни седум милиони евра откога Филипче е министер за здравство

Седум милион евра од сметките на Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија завршиле на сметка на „Синерџи“, компанија во сопственост на Горан Филипов во времето кога Венко Филипче е министер за здравство. Филипов е партнерот со кој гради куѓа Катерина Савевска, тештата на Филипче, објави „Алфа“ телевизија.

Според информациите од Бирото за јавни набавки, првиот тендер вреден 350.000 евра компанијата на Филипов, го договорила на 26 декември 2017-та година, само еден ден откако Собранието го изгласа изборот на Филипче. Во текот на 2018 година, „Синерџи“ од здравствените установи во државата добила речиси два милиони евра.

Првите два месеци од годината, нешто помалку од 670.000 евра завршиле на сметката на „Синерџи“. И април бил доста бериќетен за компанијата на Филипов, тогаш на нивната сметка „легнале“ речиси 450.000 евра.

Профитот бил многу поголем во 2019 година. Тогаш фирмата од Министерството за здравство и другите здравствени установи, добила речиси 4,7 милиони евра.

Најбериќетен месец во 2019-та бил декември, кога „Синерџи“ добила 1 милион и 850 илјади евра. Последниот и единствен тендер кој засега во 2020 година Синерџи го договорила е вреден нешто повеќе од 60.000 евра.

„Алфа“ денеска стапи во контакт со министерот за здравство, тој најави дека во текот на утрешниот ден пред камерата на Алфа, ќе ја раскаже својата страна од оваа приказна. Филипче претходно потврди дека го познава Филипов, но не биле многу блиски пријатели.

Да, го познавам човекот, пријателски врски немаме некакви посебно. Меѓутоа, сум во контакт со него, го знам од порано, како од градов, така и тука од клиника, изјави Филипче.

„Алфа“ уште чека одговор од Горан Филипов. Во „Синерџи Медикалл“ им кажале дека ќе ги побараат за одговор исто како минатата недела.

loading...