Search
четврток 2 април 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Ги плашел луѓето лижејќи ги производите во продавница: Кој сѐ уште се плаши од коронавирусот?

Маж кој се снимал како лиже производи во супермаркет зборувајќу: „Кој сѐ уште се плаши од коронавирусот?“, сега е во притвор.

Полицијата во Вирџинија го уапсила овој маж откако неговото видео станало вирално.

„Жалбите ги сфаќаме многу серозно и сакаме да им се заблагодариме на сите кои го пријавија видеото за проблемот да може да се реши”, навела полицијата, а пренесува британски „Мирор“. Додаваат дека мажот сега се товари за кривично дело тероризам.

Многу корисници на социјалните мрежи го идентификувале тој човек и рекле дека живее во Мисури, каде има 183 заразени и шест смртни случаи од коронавирусот.

Сето ова се случува ден откако Доналд Трамп поставил цел САД да излезат од изолација за помалку од три седмици до велигденската недела, и покрај стравот дека Америка би можела да стане најтешко погодената земја, додека случаите на заболени и натаму растат.

Светската здравствена организација соопштила дека САД би можеле да станат нов епицентар на коронавирусот по „многу големиот раст“ во случаите кои претставуваат околу 40 отсто од глобалните инфекции за 24 часа.

Италија моментално е најтешко погодената нација со повеќе од 6.800 смртни случаи и речиси 70.000 потврдени пациенти, надминувајќи ја Кина минатата недела каде умреа повеќе од 3.200 луѓе.

FOTO: Tviter/Printskrin

loading...