Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

ГЕРОСКИ СО ПРЕДИЗВИК ДО ШАРМАЛИТИКО И КОЗАРОТ

Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев наводно ми дава 25.000 евра во кеш. Или некој друг бизнисмен, сеедно.

Јас одговорно тврдам дека такво нешто никогаш не се случило и дека од никого немам земено ни 1 евро кеш.

Но еве, ако имаат снимка, слободно нека ја објават. Ако се плашат од тужба, нека ми ја испратат мене снимката, јас ќе ја објавам.

Ајде јуначишта, да ве видам!

ПС. За монтажите на Саше Политико за моите наводни чатови, самата будалетинка во една прилика призна дека станува збор за местенка. Немам што да додам освен да повторам дека чатовите не се автентични.

loading...