Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

ГЕРО РЕАГИРА НА НАВРЕДИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ, ПРЕМИЕРОТ

Branko Geroski
пред 14 мин. ·

ШОКАНТНА, ДИСКРИМИНИРАЧКА, ЗАКАНУВАЧКА И СРАМНА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ
Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од “криминалците” што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. “Педерот” што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници.
Дали кога вели “еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?
Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза.
Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев.

Заев: Нема да дозволам еден суетен новинар и еден педер да ја урнат оваа власт! (ВИДЕО)

Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТИ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа влада од власт. Не, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.
– Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал секако ќе носи одговорност – рече Заев.

loading...