Search
петок 22 март 2019
  • :
  • :
loading...

ГАНДИЗМОТ НА ЗАЕВ, БОЖИЌ И АЛБАНЦИТЕ

loading...

Денеска видов човек на улица кој на себе немаше палто, се чинеше дека живее близу  и се симнал само до блиската продавничка но не беше така..

Денеска видов човек кој трпеливо стоеше  крај вратата чекајќи го и последниот муштерија да излезе, за да му прошепоти на продавачот да му измери 100 грама маслинки, половина леб и два лимони..

Нешто друго за вас, рече продавачот? Не благодарам прошепоти човекот туткајќи во раката 50-тина денари во банкноти од по 10 ден.. Сите што ќе влезеа во продавницата се жалеа на големиот студ иако беа облечени во топла облека, тој не се пожали а неговите раце беа премрзнати но никој не го забележа тоа.. Очите му го скриваа плачот кој треперењето на гласот не можеше да го сокрие.. Задушен плач толку тивок од кој се чини ќе препукнат зидовите.. Ех пуста сиромаштијо и на бога си тешка рече продавачот откако излезе човекот а муштеријата кој беше влегол во меѓувреме иронично дофрли: хмм дојде живот. А вториот муштерија кој влегуваше едноставно рече сигурно е некој скитник или пијаница..

Тргнав по непознатиот човек и неможев а да не започнам разговор.. Приказната која ја сподели со мене е тешка за пишување едноставно накратко ќе кажам, човекот живеел сосема сам, едниот син му бил во странство и ретко се јавувал а другиот син кој останал овде прокоцкал се и единствено му останала куќичката на старецот. А лимонот му бил за малото болно девојче на соседите а маслинките да закрепне бидејки дента дарувал крв за девојчето. Човекот го продал и своето палто за да го отплати долгот на синот кај извршителите а сепак сакал нешто да му купи на девојчето..

Ете такви сме ние луѓето знаеме да осудиме без да гребнеме под површината и да ја ѕирнеме вистината.. Такви сме какви што сме површни и сосема често нечувствутелни за туѓата мака, болка, борба.. Судиме без суд пресудуваме без порота.

А божиќ е сите си посакуваме среќа но колку правме да дадеме дел од нас, од нашето време да споделиме  болка да потпомогнеме во носењето на туѓото бреме.? Колку ли само сме луѓе, колку ли??

Струмица 2010/11- та год. еден сличен таков ден (непосредно после божиќ) се најдов во кабинетот на градоначалникот на Струмица. Дури влегував кај секретарката со рака ми покажа да седнам таа зборуваше на телефон; Ама градоначалниче пакетите завршија, ..тишина .. добро градоначалниче ќе се јавам нека спремаат одново. Пак пауза и после тоа; добро вообичаена исплата или ? и пак добро. Потоа таа се јави во финансово оделение па на некого да донесе пакети со храна и облека итн. Од неговата канцеларија излегоа двајца луѓе. Едниот од нив исто така немаше палто но имаше широка насмевка ( неколкупати му се заблагодари) и беше многу сличен на човекот од денеска. А градоначалникот со целата своја едноставност и топла насмевка му беше и по малку непријатно толку да му се заблагодаруват..

Но главниот херој на вчерашниот божиќ  ја немаше среќата во своја близина да го има градоначалникот на Струмица.

Колку е убаво кога во маката има некој да ти подаде рака толку е тешко кога нема кој да го направи тоа.

Македонија само што излезе од една бурна година во која се случуваа многу работи и се носеа толку многу тешки и одговорни одлуки. Македонија се бори и за влез во НАТО и ЕУ и за свое стабилно место под сонцето.

Македонскиот премиер со толку малку пратеници успева да балансира и одржи влада и покрај се. Одисејата на на релација, собрание 27-ми – Преспа и пак собрание бараше многу многу енергија..

Груевски замина но груевизмот сеуште е длабоко инсталиран во сите опшествени пори и како темпирана бомба чека деинсталација или експлозија.

Доагањето на власт за многумина значеше многу непроспиени ноќи, многу енергија, многу солзи многу трпение и угнетување по различна основа. Доагањето на власт за некого значеше макотрпно градење на еден град во европски, вложување на финансии, време, моменти на лична среќа и дури пролевање на сопствена крв..

Другари сите вие што тоа го заборавивте време е да оладите.. Сите вие кои држите по две места дали тоа се советнички места (општини и слично) и редовно вработување море плус и дополнителни хонорари прстот на чело, колачот е еден внимателно со залаците. Сите вие кои од добивте две па дури и три работни места во иста фамилија усул! Инаку чуму ни се сите добри добрите политики како што се намалување на казните (75%) и воведување на мерката опомена која е праведна. Чуму ни се сите покачувања на плата и во одбраната и во полицијата и во образованието итн ако некои од нас немаат усул. Која е смислата од праведното оданочување или зголемувањето на социјалната помош со 300%  ако некои забораваат зошто дојдоа на власт и какви не треба да бидат.? Чуму ни се сите наврме исплатени зголемени субвенции и ИПАРД инвестиции ако поединци прават алчни постапки гледајки да ги обезбедат сите во своите фамилии? Затаоа усул, внимателно со залаците? Македонија се соочи со низа предизвици, стекна многу пријатели но не се мали ниту силите кои сакаат да не не биде. Борбата е на сите фронтови, за црквата, името за идентитетот,  борба со националистите дома и во Грција, тука се и оние без усул во својот двор и згора на се сега и албанците..

Колку сила треба за да се прости непростливото.? Колку треба да си голем кога на човекотшто сакал да те убие му подаваш рака? Го гледаме ли тоа или се ќе сведеме на муштеријата од продавничката и ќе судиме без суд и порота.

Заев и во најтешкото ја одбираше опцијата со арно со убаво без сила. Заев и кога го убиваа не крена рака ниту избега. Заев во стилот на Ганди се сака да реши преку дијалог. Македонија овие денови ги живее можеби најтешките денови и крвави.. Во еден таков чувствителен момент на само часови пред финишот албанците наместо фактор на поддршка по незнам кој пат се појавуват со уцена.

Епа браќа албанци со по 2 пратеници (чест на исклучоци) ако е за аир доста е! Ја разбирам целата ваша мака низ годините кога бевте дискриминирани, човек сум и светот го разбирам како поле за што поеднакви можности. Низ моите колумни многупати сум ги ’’застапувала’’ сите како еднакви. Но.. Но во последните децении единствено што знам а не сум сама во тоа тоа се моите генерации тоа е дека на вашите барања им нема крај. Зарем не се запрашавте еднаш што вие направивте за лојалноста кон оваа наша заедничка држава и што може да направите заедно да ја интегрираме во Нато И еу? Кога веќе на толемо толку многу се бараат одредени орава реба да се знае дека правата носат и обврски а обврските најчесто значат и лојалност.. Затоа апел и до вас УСУЛ!

Верувам дека и на обичниот албанец и на обичниот македонец им е смачено од национализми од зборови како јазикот, јазикот па јазикот итн. Време е да мислмие на економски развој време е за напредок Македонија е наша заедничка држава и таа е над нашите лични аспирации. Македонија мора да ја биде и да се развива го сакале некои тоа или не.

Реално дали до сега сме имале премиер кој толку се залага за еднакви можности? Зарем не ја препознавате таа енергија и сега најдовте да ја злоупотребите? На тоа ВМРО засега гледа сеир но на сите сеирџии еден ден тоа ќе им се врати како бумеранг. Што е многу многу е треба усул, конечно треба државнички пристап од сите во оваа сложена состојба.

Затоа јаваш јаваш што би рекле турците, полека со уцените време е за напредок. И нели божиќ е нели и премиерот има семејство за да му се посвети.. Нели треба да си ги отвориме срцата и да си ги подадеме рацете на поддршка..

Makeдонка Коцева

*koлумната е став на авторката не и на порталот

loading...