Живот

Фризерите до надлежните – „Ве молиме што поскоро донесете мерки. Секој изминат ден ние тонеме!“

Македонија

Заболени
11,554
Мртви
519
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 04:26 (+02:00)

Фризерите до надлежните - „Ве молиме што поскоро донесете мерки. Секој изминат ден ние тонеме!“

Фризерите со јавно обраќање до надлежните:

Не обвинуваме, сите сме затекнати, Вие не ни дадовте никакви препораки ниту за заштита, ниту за работа. Ние самите одлучивме дека препорачаните мерки растојание од клиент, избегнување контакт, дезинфекција и слично се невозможни при нашата дејност. Ние никаде не добивме препораки од никого. Веруваме дека во вашите регистри ние не се ни водиме како затворени во вонредна состојба.

Вие нас не нe ставивте во ниту една група. Ние свесно и самоодговорно затворивме. Свесни за ризиците по нашето здравје и здравјето на нашите клиенти. Олеснувајќи ја со тоа вашата работа и одговорноста за не ширење зараза. Ние сме одговорни кон сите и ве замолуваме сега за ваша одговорност кон нас и совет што да се прави.

Кирија, давачки, струја и вода?

Колкупати сте побареле од нас да ве убациме некаде измеѓу термини? Ете така и ние сега ве молиме вас да не убаците меѓу тие големите  стопански објекти.

Ние чесно и вредно си ја работиме работата. Одговорни сме кон нашите клиенти, свесни сме дека нашата заработувачка зависи замо од нас и од никој друг. За тоа и доѓаме сабајле во 6, остануваме навечер до колку и да треба кога клиентите тоа го бараат. Посветени сме максимално. Не бараме субвенции, не кукаме за покачување на цена на нашите продукти. Ние се прилагодуваме на сите можни ситуации.Редовно си плаќаме и даноци и давачки.

Во нашите салони е дел од нашиот, но и вашиот живот. Маалските приказни, семејните проблеми, радосните вести и подготовките за славјата, родендени, крштевки мекици и свадби. Овде во нашите салони се носат многу одлуки. Стрижење на косата, драстична промена на бојата, враќање на насмевката и расположението. Ние фризерите сме посебно врзани со муштериите како и тие со нас – велат во писмото до јавноста и надлежните

Во контекст на писмото и видеото на познатиот фризер Крешо од Прилеп кој вели:

Македонскиот занаетчија не бара ништо, ниту некогаш барал – останува како чесен и поштен еснаф. Не молиме не кукаме и не бараме милостина освен она што ни следува како лојален граѓанин на оваа држава, како квалитетен работник и пред се како квалитетен човек. Ние секогаш сме тука, да сме хумани и да даваме гратис услуги кога е потребно, можеби е малку, но дадено е чесно и од срце.

Затоа сега е редот на вас! Не го кријам стравот, стравот е и од вирусот но, стравот е за нашата егзистенција и иднина – со солзи во очите вели Крешо.

Се што имаме  заработено ни е ставено под залог и хипотека, се создаваме сами, се е ова непроспиени 12 до 14 саати работа, многу отсуства од дома, многу одмори не заминати, многу одрекувања. Не дозволете да падне во вода.

Да не бидеме себични, да не бидеме егоисти. Кој има повеќе нека даде на тој што има помалку. Да не дозволиме да останеме на улица!

Мојот салон е мојот прв дом, моите вработени и ученици се мои деца – плачејќи зборува Крешо. Не сакам да останат дома, сакам секое мое знаење да им го пренесам нив. До сега  сум имал  67 ученици кои сега имаат свои салони. Фризерството не е работа, тоа е начин на живот.

Ги молиме надлежните што поскоро да донесат мерки. Секој изминат ден ние тонеме.

Чувајте се и помогнете за повторно да се собереме во салоните, да правиме убави фризури да си муабетиме..

Во ова да бидеме трезвени, кој не сака да помогне нека ни се тргне од патот без да не навредува или плука. Кој сака да помогне нека биде искрен. Ние сме тука за вас и пак ке ве убациме меѓу термин.

Вашите фризери

Фризерите како дел од занаетчиската комора уште на 12 март поднеле барања и предложиле мерки, но велат дека од таму нема никаков одговор.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker