Search
вторник 26 март 2019
  • :
  • :
loading...

Фрчеле шипки и пиштоли синоќа во Охрид, СВР Охрид статист?!Чудесна Северна Република Македонија

loading...

Физичка пресметка со употреба на метални шипки, службен пиштол, еден повреден со тешки телесни повреди, тоа е епилогот на вчерашната тепачка во Охрид, во која учествувале татко и син и припадник на МВР.

Охрид, постана крајно небезбеден град за живот, едноставно нема ден да нема тепачко-рекетарски циркус, а СВР Охрид да биде нем наблудувач на настаните?!

Вчерашната тепачка во која учествувале татко, син и еден припадник на МВР, која тепачка била наменета за расчистување на сметки некаков си љубовен триаголник, има епилог, а тоа е тешки телесни повреди со кој се здобил припадникот на МВР од удари од метални шипки.

Настанот, се сокрива далеку од очите на јавноста, па така правната разрешница која ја спровела ПС од ОН Охрид при СВР Охрид, ниту помалку, ниту повеќе, завршува со прекршочно дело Нарушување на Јавниот ред и мир??!! Секако сите по дома, тепаниот во болница??!

Неразбирливо е, да некој употреби метални шипки, наводно другиот посегнал по службениот пиштол, според кажувањето на дечките со шипки во рака, на крај исходот да биде нарушен ЈРМ?!!

Премногу нешта се трули во СВР Охрид ?! Изгледа ресторанските ручеци и личните збогатувања, се приоритет во функционирањето на полицијата во Охрид, со оглед на фактот што началникот повеќе преферира ресторански, од колку полициски услуги?!

С.Денесовски-Лично

Повеќе детали на Охрид скај тука

loading...