Search
петок 24 мај 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

(ФОТО+ВИДЕО) Страотни сцени: Во стан преполн со отпадок и лебарки пронајдено изгладнето девојче!

Полицијата во специјални заштитни одела го спасила полуголото петгодишно девојче кое живеело во еден стан полн со отпадок во Москва.

Девојчето, чие име е Љубов, било болно и дехидрирано, не умеело да зборува и буквално до гуша било во отпадок, пишува „Дејли мејл“. Полицијата го затекнала детето облечено само во маица.

– Плачеше. Никаде немаше храна, а лебарките беа насекаде – рекол сосед.

Соседите додале дека пред пет години мајката донела дома бебе, но потоа рекла дека детето отишло да живее со бабата. Нејзиниот сопруг бил депортиран во Украина. Всушност, детето цело време било во станот и не го видело надворешниот свет откако било бебе.

Изгладнетото девојче е пронајдено неколку денови по исчезнувањето на мајката Ирина Гарашенко (47). Порталот „Лајф.ру“ пренесува дека полицајците морало да облечат специјални заштитни одела, бидејќи станот буквално бил претрупан со отпадок и лебарки. Ланчето кое девојчето го носело било враснато со нејзиниот врат.

Мајката на девојчето Ирина се појавила во станот неколку дена откако полицијата го одвела девојчето и го сместила на лекување. Соседите ја задржале, спречувајќи ја да не избега. Соседите ја повикале полицијата, која го уапсила монструмот. Се верува дека девојчето, откако се родило, не изглегло од станот и немало никаков контакт со другите луѓе освен со мајката. Против мајката е покренато обвинение за занемарување на детето и за обид за убиство.

– Таа не знае да зборува, само испушта некои неартикулирани звуци. Ѝ понудивме да пие вода и испи две литри одеднаш – навеле истражителите.

Соседите рекле дека станува збор за жена која често била „добро облечена“, тврдела дека има професионална работа, дека работи на одржувањето на чистотата во соседниот станбен објект.

Руските медиуми ја нарекоа „девојчето Могли“ по примерот на ликот на момчето кое го одгледувале диви животни во книгата „Книга за џунглата“.

ФОТО:IC/east2west news

 

loading...