Search
среда 11 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

(Фото – Видео)Боки 13 ја отвора Пандорината кутија: Кој заминува со торбата има на снимка

Комплетен извештај со детали кои не се објавени малку видео малку фото, судењето кое направи пресврт во судстката пракса, судење на кое докажувањето на обвинителот и обвинетите е со необичен стил на говор, судење кое ќе внесе нови правила на игра во судницата. Некои велат следи шоу на парот Ј&Ј а можда ќе донесе и изненадување …

Бојан Јовановски и Катица Јанева денеска јавно но и со голема сигурност во себе зборуваа во судница давајќи ги првите воведни зборови за она за што се обвинети. Пред нив обвинителката Вилма Русковска даде необичен воведен говор кој Катица ја нарече филм од кој сите сега се срамат. Во продолжение целосно видео од нејзината изјава:

Но Бојан и Катица жестоко вратија.

Ке стојам до последна капка крв не сум виновен и жалам што сум во ваква состојба. Живеев за денов бидејќи сум мета на јавен линч за монтиран случај. Доволна беше сензацијата од спомнувањето на моето име иако на Јавниот обвинител Вилма Русковска не и е прв пат да си дозволува да етикетира и да рече дека сум самонаречена естрадна звезда. Преку овој предмет се водат прљави политички битки кои завршуваат на овие плеќи. Притворот ми ја влоши здраствената состојба поради две неуспешни операции во болницата на сведокот.

Околу бруталниот настап на Русковска во воведните зборови ќе казам дека е само продолжение на она то го виде јавноста со пораката за тресење гаќи. Тоа отвора страв дека на ист начин ќе постапува и тука. Бедна конструкција на овој предмет е направена оти синот на Катица беше вработен во телевизијата. На канал 77 таа кажа не ми го кажувајте боки дозлжеше пари насекаде и го тепаа.

Но таа беше гостин во телевизијата исто колку и Јанева. И ме информираше мене за настани кои ги водеше. Колку што седев во ресторан со Јанева седев и со неа. ќе сведочам за организаторот и помагачите, чекам вештачење на камерата земена од кај моите родители кое ќе покаже кој заминува со торбата. Од оваа усте ќе излезе сведочење кое ќе се темели на докази.

Јанева потенцира дека се гордее со нејзината работа која понатаму ќе се изучува како се работи.

Гордо ги гледам сите в очи и ќе докажам дека сум невино вплеткана и ставена во нечии игри. Ни тронка не сум виновна.

Бојан зборуваше во судница со лекови во него па дури и лек за смираување примен од екипа на брза помош. Се пожали на здравјето но не за да одложи судење туку да докаже дека навистина е болен. Прими дијазепам и продолжи судскиот процес.

Во публика беше синот на Јанева, а од семејството на Бојан немаше никој. Исто така беа присутни од невладини организации, претставник на Американската амбасада, претставник на Владата претставен како новинар, поранешен универзитетски професор кој се обиде да фотографира но беше отстранет од судницата. По кусо време Претседателот на судот му овозможи да с еврати и да продолжи да го следи судењето. Имаше и невладини организации и многу полициско обезбедување.

Обвинетиот Игор Милевски призна вина и за него судот утре ќе изрече пресуда.

К.Мачкиќ фото : Dosie.mk

loading...