Search
петок 13 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

ФОТО: Еве каде завршила ташната Луј Витон од 5.000 евра на Боки 13

Италијанскиот весник Ла Веритаа објави нови снимка за случајот Peket, на која се слуша и гласот на спцијалната обвинителка Катица Јанева во неколку наврати, а никој точно не знае што се поседуваат новинарите од весникот.
Парите кои Бојан Јовановски и Зоран Милевски ги земаат од бизнисменот Орце Камчев се ставени во торба Луј Витон, која после рекетот Боки 13 си ја користел како моден детаљ.
Во видеото кое го објави весникот се слуша разговорот помеѓу Орце и Боки 13 во моментите кога тој се подготвува да го земе рекетот во домот на бизнисменот, Камчев вели:
Ова одговара во стајлингот, куферчево (хахаха) да не давам Адидас торба.
Боки 13 на својот Инстаграм профил има објавено и фотографија со торбата.
Неколку денови по земањето на ташната со милионот од францускиот бренд Луј Витон, Боки 13 објавува фотографија со истата ташна но овој пат во Белград.
Тој за фотографијата фотографирана во хотел на Кнез Михајлова каде добро се гледа ташната кусо ќе напише: Патот може да продолжи… бај бај Белград.
Додека Боки чита од менито на хотелот или некој друг тефтер, ташната од француската модна куќа Луј Витон, која што чини окулу 5000 евра е покрај него и ова засега е последна фотографија со торбата Луј Витон.

loading...