Обезбедување на бугарското МНР, го чува познатиот македонски тајкун Орце Камчев – дознава „Лидер“, од извори блиски до него.

Како што дознаваме, веќе неколку дена, бугарските власти го чуваат обвинетиот за случајот „ИМПЕРИЈА“, кој го води СЈО.

До „Лидер“ пристигнаа и фотографии од неговото ново обезбедување.

Во текот на месец април минатата година Владата на Република Бугарија достави предлог до Министерството за Надворешени работи на Република Македонија, г-динот Јордан Камчев да биде назначен за почесен конзул на Бугарија во Македонија.

МНР на Р. Македонија и Владата на Р. Македонија сè уште се немаат произнесено по ова барање. Во меѓувреме, Министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Захариева, два пати реагираше и го изрази своето негодување зошто сè уште не е позитивно одговорено на дадениот предлог.

Додека траеше притворот кој беше одреден за г-динот Камчев, во еден од македонските медиуми, „Фокус“ се шпекулираше дека дошло до заладување на односите помеѓу актуелниот премиер на Р. Бугарија Бојко Борисов и премиерот на Р. Македонија Зоран Заев, а како една од причините за тоа се споменуваше и притворот кој беше одреден за г-динот Камчев.

Добивме информација дека обезбедувањето на г-динот Камчев е засилено со обезбедување испратено од Р. Бугарија, за точноста на оваа информација побаравме одговор од агенцијата за обезбедување OkSecurity, но од таму не добивме ниту потврден, ниту негативен одговор.