Search
вторник 18 јуни 2019
  • :
  • :

ФОКУС: Зошто Заев го аболицира Иванов?

во најновиот број на неделникот Фокус ќе читате:

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Прашањето, значи, не е што денес ќе направи Хорхе. Од него може се да се очекува. Тој може да донесе решение да ги ослободи сите обвинети и осудени криминалци што некогаш во животот имале врска со ВМРО-ДПМНЕ, но прашањето е што ќе направат државата и владата. Зошто се уште од волјата на врховниот уставокршител зависи дали во Македонија ќе има правда или неправда?

СЛУЧАЈ „НИКОЛА МЛАДЕНОВ“
По разговорот со сопругата на Никола, Билјана Младенова, што пред неколку недели го имав на 1ТВ, следуваа зацементирани реакции. Оние што се убедени дека „го убиле“, беа утепани зошто рекла дека загинал поради неприлагодена брзина. Оние, пак, со вмровски светоглед, во истата изјава со задоволство најдоа целосна вистина, за век и веков, амин. Небаре таа била сведок на самиот настан

КРИВИЧЕН МОЖЕ ДА ЈА ИСКИНЕ АБОЛИЦИЈАТА
Осуедните за Крвавиот четврток бараат спас од претседателот Иванов со барања за аболиција. Дали Иванов тоа ќе го направи по вторпат, односно да го заврши мандатот служејќи им на партиските интереси? Со оглед на тоа дека членот 11 од законот кој му даваше за право да аболицира е избришан во 2016 г. Кривичниот суд може да ја искине аболицијата на претседателот

ПРЕДИЗБОРЕН МЕНАЏМЕНТ СО ЈАВНИТЕ РЕСУРСИ
Иако Изборниот законик забранува низа активности во предизборен период, сепак, и актуелната власт покажа креативност при употребата на јавните ресурси во изборна функција. Ако законот забранува изградба и промоција на нови инфраструктурни проекти, истовремено не забранува реконструкција, што се случува во полн ек

ИЗМАМИ СО ДОНАЦИИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ
Измамата што ја откри МВР на фондацијата „Допир“ преку чија веб-страница братот и сестрата Миле и Анета Шулевски собрале над 50.000 евра донации за наводно лекување во странство на болни деца, а всушност парите ги трошеле за лични потреби, ја доведува во прашање довербата на граѓаните во собирањето хуманитарна помош за оваа најранлива категорија граѓани

ВО ОДБРАНА НА ГАФОВИТЕ
Гафовите на Груевски, на Катица Јанева, на Заев, на Хорхе, Стево и Гога, на сите министри бивши и сегашни и идни, може да бидат забавни додека се актуелни, што обично е многу краток период. Она што не е забавно се грешките во нивното работење, кои остават далекусежни последици

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Во Куманово, некни, беше спомнат Тукидид, таткото на реалистичката школа. Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во негативна смисла, како за претставник на застарена мисла од пред 2.500 години. Всушност, неговата книга „Пелопонеските војни“ одамна е прогласена за најдобрата на сите времиња од областа на меѓународната политика

Сашо ТАСЕВСКИ
Влатко Ѓорчев, на пример, нема село и град што не го посетил. Затоа тој нека биде со Силјановска на говорницата. Па, кандидатката штом каже: Добровечер најдраги мои… Овој одма нека дофрли: кичевчани, кочанчани, курајчани или долнодупенци… И решен проблем. Тоа е креативен пристап до проблемот што го имате со вашата кандидатка, а не да ве фаќа паника

Јанаки МИТРОВСКИ
Како здружение БИЛКА имаме релевантни информации дека набргу се планира пилот-проект за три локации за рекреативно консумирање канабис во Скопје, Струмица и во Битола, а пробните балони со Охрид и Струга водат во таа насока, така што се очекува бизнисот рапидно да расте. Не треба да сте гениј да претпоставите во чии раце ќе заврши

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Првиот нареден чекор што „консензуално“ треба да го направат партиските „лидери“ Заев, Мицкоски и Ахмети е да побараат од Ѓорге Иванов да ги амнестира сите осудени за настаните од 27 април. Ако тој не може да го направи тоа, „консензуално“ да подготват закон со кој истото ќе го стори Собранието на Република Северна Македонија. Ако е бал, барем нека биде целосна забава!

Ана ПАНОВСКА
Гордана Силјановска-Давкова ќе го враќала претходното уставно име, ќе го вратела Законот за јазиците, ќе го препроверела Рамковниот договор, галиба, како што тргнала, има намера да ја врати и војната од 2001 г., скраја да е. Толку! Мене ова ми е доволно, та дури и отпојќе!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Шизофреното промовирање на слоганот „Правда во Македонија“ со поднасловот „Татковината повикува“, во суштина е излив на политичка суета и фрустрации со повик на политичка одмазда за изгубената власт и опсесија за  враќање на криминогениот режим на ВМРО

Атанас КОСТОВСКИ
Тоше Проески заслужува неговото име да го носат многу наши улици, плоштади, концертни сали… Но, со преименувањето на стадионот, новите кумови требаше да ја слушнат и јавноста. Црвен картон за ФФМ, која не предложи иницијатива стадионот, на пример, да го носи името на фудбалер или тренер од рангот на Кирил Симоновски-Џина, Благоја Видиниќ, Иљеш Шпиц, Петар Милошевски…

loading...