Search
петок 10 април 2020
  • :
  • :

ФИЛИПЧЕ ОВА СЕ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ТВОИТЕ ШТО ГИ СПОДЕЛУВААТ, А ТОА ТИ ШТО КРАДЕШ НЕ Е ЛАЖНА ВЕСТ

Македонија

Заболени
663
Мртви
30
Излечени
37
Активни
596
Last updated: 10/04/2020 - 08:40 (+02:00)

Сликата со стотици ковчези од Бергамо во Италија, заедно со снимката кои го обиколија светот во кои наводно се наоѓаат телата на жртвите од Корона, проследена со потресно интервју на “познатиот хирург” Мачини, не е снимена на 17ти март оваа година. Имено, станува збор за фотографија и снимки стари 7 години. Фотографијата е направена од хангарот во Лампедуза, а во ковчезите се наоѓаат тела на повеќе од 300 удавени мигранти. Годината на настанот е 2013та. Не се работи за никакви лешеви на починати од Корона за кои хирургот со своето излагање направи масовна паника и вирална хистерија. Овие луѓе се одамна закопани и нивната смрт е брутално злоупотребена.

Фотографијата која стана вирална со наводно починати од Корона во Бергамо
Оригиналното потекло на фотографијата објавено во италијански медиум 2014та, за настанот од 2013та година

Свесно не распнаа со лаги, страв и паника. Стравот е убиец! Замислете само како делува стравот кај пензионерите со срцеви заболувања, на останатите хронично болни со опаднат имунубиолошки систем, или на оние со отежнати психолошки состојби. Најпродавани производи после заштитни маски и ракавици во аптеките се Хелекси и Дијазепами. Стравот обзема, парализира и не онеспособува правилно и логично да расудуваме. Земете ги бројките на жртви од Корона кои ви се достапни (ако се воопшто точни судејќи по лагите како оваа на Мачини) и споредете ги со бројките на актуелните смртоносни вируси кои се насекаде околу нас. Жртвите од куп други зарази поединечно се неспоредливо поголеми од бројките на жртви од Корона. За нив никој не известува па затоа воопшто и не ги мислите.

Мијте раце, бидете претпазливи и почитувајте ги препораките, но добро запаметете… Не наседнувајте на секоја информација која ќе ја видите на интернет и не потпаѓајте на “клик енд бејт” панични наслови кои служат единствено за кликови и поголема читаност на порталите. Не слушајте ги оние кои свесно ви сервираат паника и не наведоа самите да бараме вонредна состојба, за прва одлука да им биде промена на судии наместо справување со “кризата” од 50 заразени. Жртви од Короната ќе има, ништо повеќе од оние кои веќе секојдневно ги имаме од инфективни болести и вирусни заболувања насекаде по клиникиве. Последиците во кои ја втурнавме слабата економија и онака распаднатиот систем, ќе бидат далеку пострашни, со многу поголеми загуби и човечки жртви. Со мерките што ќе следат, ни претстои долгогодишна рецесија, клуч на вратите на приватните стопанственици и огромна невработеност и безпарица.

Стајте си прст на чело и со ладни глави размислете си самите. Текот и развојот на настаните допрва ќе го гледаме.

Оригиналната статија со сликата од ковчезите во прилог:

http://www.ansa.it/sicilia/notizie/2014/07/01/ecatombe-di-lampedusa-arrivano-i-primi-fermi-e-avvisi-garanzia_6670f8a5-a25a-4a72-b4af-c054b3114afd.html?fbclid=IwAR0Xf0vwS9t6f48UK_TH7fp1eEgeGYQ493APCiQsXpx2mFhobI7rk50ZH4Y

loading...