Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

ФИЛИПЧЕ:НА 6000мкв , Охрид ќе добие современ Здравствен Дом,се остварува сонот на охриѓани

Нов современ Здравствен Дом ќе добие Охрид кој ќе се протега на површина од 6.000 метри квадратни,дознава редакцијата ohridsky.com. Старата и руинирана зграда викана „Маларична“, каде до сега работат екипите за Итна Медицинска Помош,матичните лекари, стоматолозите, трудовата медицина , а која зграда се наоѓа во тесното централно градско подрачје , и кој објект е целосно руиниран ,ќе се замени со нов , модерен пом сите Светски стандарди.

Потребата за изградба на Здравствен Дом во Охрид , е дамнешна потреба уште од времето кога Македонија беше дел од СФРЈ.Сите досегашни власти ,основно изборно ветување му беше целосна изградба на нов здравствен дом во Охрид , но сите поминаа ,заминаа, никој не го остврари ветеното.

Пред 3 месеци во Општина Охрид на Министерот Венко Филипче му беше презентиран најгорчлиовиот проблем , но Филипче не би бил Филипче доколку веднаш не прегнал ракави,па така во тесна соработка со градоначалникот Стојаноски Јован , заменикот градоначалник Константин Георгиески и една невладина организација ,се отвори стриот проект од 1975 година .Станува збор за локација која се набоѓа веднаш до Општа Болница Охрид,местото е сопственост на РМ,каде ќе биде изграден овој современ Здравствен Дом.

Министерството за здравство во соработка со Општина Охрид , по пат на Јавно приватно партнерство ,ќе ја замени локацијата на стариот здравствен дом -Маларична , со изградба на Нов современ Здравствен дом .Приватниот партнер ,најнапред ќе има обврска , да го изгради Здравствениот дом по стандарди и барање на Минситерството за здравство на РМ и, од кога истиот ќе биде изграден ќе се стекне со паво на локација на старата Маларична во Охрид.

Овој потег на Филипче,Стојаноски,Георгиевски е за секој респект,зошто конечно Охрид ќе добие квалитетна здравствена заштита.

Фотографија на Sasho Denesovski.41687792_342259729679804_2700402713891438592_n

Охридскај

loading...