Според нашите првични информации, инспектори има во фирмата Монт, која е дел од Орка Холдингот на Камчев, како и во фирмата Полиестердеј која била ангажирана од партијата да ги печати маиците за кампањата. Се проверува уште една фирма, Горфактори од Шпанија, за која се уште нема информации во каква конкеција е со првите две.

Извори од МВР ја потврдуваат информацијата, а повеќе детали најавуваат за текот на денот. Канал 5 ги проверува информациите и во обвинителството.

Инаку, аферата се појави откако ревизорите ги објавија извештаите за претседателските избори. СДСМ, по ова ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека незаконски ја затвориле наменската сметка.

-Согласно Изборниот законик (член 71) сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена. Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг. Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ и потпсникот на сметката за овие избори, генералниот секретар Игор Јанушев, не го почитувале Изборнио законик – рече тогаш портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.