Search
понеделник 22 јули 2019
  • :
  • :

Еднородителски семејства произведуваат еколошки козметички производи

one-can-467x330

Здружението на еднородителски семејства „Една може!“ стартуваше со продажба на своите производи на Social Innovation Conference 2016, која се одржува денеска во Скопје. Палетата производи на „Една може!“ се состои од еколошки произведени козметички средства од членовите на организацијата.
 
„Создаваме производи кои се целосно еколошки, на база на пчелини деривати,природни масла и широк спектар благодејанија. Производите се со противвоспалителни и регенеративни својства, за сите видови кожни оштетувања и потешкотии, но и за секојдневно задоволство на кожата. Во првичната палетата производи за нега, родителите од „Една може!“ ги произведуваат мелемот, лип балм ( и сапун за тело. Овој социјален ангажман е чекор напред кон солидарно општество кое ги вклучува сите аспекти на човекување. „Сингл“ мајките од земјава покажуваат дека се професионални, дека знаат да се организираат и да се грижат за своите внатрешни светови, но и за надворешноста и за животната околина и природата“, вели Дороти Пачкова, претседателка на „Една Може!“.
 
Целото производство е спонзорирано од Volvo Македонија и станува збор за прва ваква соработка меѓу Здружението и оваа компанија. Volvo, како општествено одговорна компанија, излегува во пресрет на нашата иницијатива за да се помогнат еднородителските семејства.volvo

Се што правиме во Volvo почнува со луѓе. Нашата мисија е животот на луѓето да го направиме полесен, побезбеден и подобар – нешто што е природно за нас. Тоа е начинот наVolvo. Сите автомобили се произведени од луѓе и се управувани од луѓе. Сето тоа е невозжно без луѓе, без родители кои се во можност да ги одгледаат следните доктор/ка, инженер/ка, информатичар/ка или уметник/ца… Веруваме дека со помагање на родителите го штитиме она што е важно – младината која утре ќе се заложи да го направи светот подобро место за живеење. Затоа, даваме целосно поддршка на „Една може“, која како граѓанско здружение се залага и директно помага на еднородителските семејства, кои со својот труд и активност создаваат дополнителна вредност и обезбедуваат егзистенција за своето семејство“, велат од Volvo Македонија.
 
„Една Може!“ како општествен и социјален претставник на една од загрозените групи граѓани, поточно еднородителски семејства, се труди да го подобри нивниот животен стандард. Затоа, како дел од своите програмски активности, сака да го додаде социјалното претприемништво, како уште една алатка која активно ќе го зајакнува социјално-економскиот аспект на делување.
loading...