Македонија

ДУИ ДО КИРАЦОВСКИ: „КИКИ НА ФБ НЕКА МУ СЕ ОБРАЌА ТАКА НА БОКИ 13.“ КИРАЦ МУ ВРАТИ ДА НЕ СЕ ПРАЈ БОКИ ТАЛАТ

Македонија

Заболени
11,554
Мртви
519
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 16:41 (+02:00)

Откако пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски преку фејсубк го повика Талат Џафери да ја закаже седницата за разрешување на Мизрахи, спикерот иронично му одговори дека тој е политичар кој не користи фејсбук.

Хах, јас не сум политичар кој користи Фејсбук, одговори Џафери.

Од ДУИ пак, неофицијално за ПлусИнфо на прозивките на Кирацовски одговориле: „Кики така може да му се обраќа само на Боки 13.“

По ова Кирацоски луто му одговори на Џафери: -Џафери наместо да Бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот технички премиер за разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот.

Aleksandar Kiracovski

5 ч.

Џафери наместо да бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот тех. Премиер за разрешување на министерката за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот.

За нивото кое денес го покажа Талат Џафери, не ме личи да зборувам, сам за себе доволно кажа со одговорот на моето барање за закажување седница за разрешување на министерката Мизрахи.

Но она за што гласно ќе зборувам е манипулацијата која Џафери ја изврши врз пратениците пред околу година дена на седницата закажана за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, намерно пречекорувајќи го рокот на истата, по што Велјановски неоправдано го ужива имунитетот до денешен ден.

Нема да му дозволам на Џафери, уште еден обид за играње мајтап во Парламентот.

И уште еднаш јасно напоменувам, на пратениците им е смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историски успеси и државни постигања, повторно да бидат “топовско месо”.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker