Search
вторник 12 ноември 2019
  • :
  • :

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија до мај следната година a може и нема

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со Македонија и со Албанија. Лидерите на носечките земји во Европската унија не можеа да се договорат во долгите и исцрпувачи дебати кои траеле до доцна синоќа. Сепак најава за ново разгледување на прашањето се најде во заклучоците од Самитот, каде има само една реченица во врска со проширувањето.

ЕУ лидерите се обврзуваат да се навратат на прашањето до Самитот во Загреб во мај 2020 година.

И покрај обидите на некои земји членки да го вратат проширувањето и преговорите со Северна Македонија и Албанија на дневен ред на Самитот на ЕУ денеска, тоа не беше сторено.

Од јануари 2020 година Хрватска го презема претседавањето со ЕУ, а на почетокот на годинава ќе се очекува и францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес.

loading...