Search
среда 17 јули 2019
  • :
  • :

Докторка ја изгубила лиценцата поради провокативните фотографии на својот Инстаграм профил

trad198cheva-pobaran-pritvor-za-shest-od-sedumte-soslushani-koi-utrinava-bea-privedeni-od-mvr

Една девојка од Мјанмар која сакала да стане модел, ја изгубила докторската лиценца поради споделување на “неморални” фотографии во бикини на социјалните мрежи.

По неколку години лекување на пациенти, Нанг Мве Сан започнала да споделува фотографии во бикини на социјалните мрежи и да учествува во професионални фотосесии.
Но, во јануари оваа година, 29-годишната девојка добила предупредување од Медицинскиот совет на Мјанмар да престане да објавува провокативни фотографии и да ги избрише постоечките од својот профил.

Со оглед на тоа што го игнорирала ваквото предупредување, нејзината медицинска дозвола ѝ била одземена.

“Тука постои огромен сексизам”, изјавила таа во интервју за “New York Times”.
“Не сакаат жени на повисоки позиции и нè судат според она што го носиме. Не сакаат ниту да носиме панталони”, вели девојката која денес ја следат повеќе од 100 илјади луѓе на Инстаграм.

Мве Сан вели дека советот ја повикал претходно оваа година за да ѝ укаже да престане да се облекува на начин кој се спротивставува на традиционалната мјанмарска култура.

loading...