Search
среда 17 јули 2019
  • :
  • :

ДОКАЗ ЕКСКЛУЗИВА: Пратеничката од Кр.Паланка Митовска, физички се пресметала со активистка на ВМРО-ДПМНЕ

Нервозата и нетрпеливоста во владејачката партија полека но сигурно испливува на површина.

Од една страна се аздисаните функционери, од друга страна испатеното членство.

Како што дознаваме од очевидци на настанот, во текот на вчерашниот ден при отварање на еден од штабовите на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка, дошло најпрвин до вербална расправија помеѓу пратеничката Слаѓана Митовска и неколу активистки а потоа прераснало во меѓусебна физичка пресметка.

Тегнење на коси и мавање со кондури и сандали имало помеѓу пратеничката и една активистка, сопруга на “Клечка”, активист на ВМРО-ДПМНЕ.

Повод бил се поизвесната нервоза и бес кои членството веќе не може да ги контролира, бидејки со години е лажано и прелажувано од локалните функционери.

“Додека некои преку ноќ станаа функционери, доведени од други партии, нас старите членови 10 години никој не не прашува како сме, како живееме, дали ни треба некаква помош. За разлика од нас, тие аздисаа од пари и моќ, си се наместија на функции, добиваат приходи од неколку места, си ги вработија своите сестри, браѓа, сопруги, швалерки, а ние само им служиме за гласање и ништо друго. Ова е срамота, партијата ни се распаѓа од вакви увезени самобендисани кадри.” – реагираат до нас членови на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина.

maxresdefault-13

loading...