Search
среда 11 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Дојди кај мене на „Пижама парти“, јас обожувам, им пишувал командир од МВР на полицајки

Раководно лице со пораки повикувало полицајки на тајни состаноци, забава во пижами, а биле и сексуално вознемирувани со закани дека ќе го изгубат работното место. Случајот вчера го обелодени и Независниот полициски синдикат, а од таму велат дека ќе одат до крај и нема да остават жените вработени во МВР да трпат сексуални притисоци.

Редакцијата на МКД.мк дојде до неколку пораки кои им биле испраќани на полицијките. Во нив раководното лице кое е пријавено во МВР им праќа покана за на „Пижама парти” односно забава кај него дома, а во дел од нив тој ги прашува дали ги привлекува за дружба или не.

Освен овие пораки, како што дознаваме во доказите кои постојат против овој вработен во МВР има и пораки со закани дека мораат да дојдат на тајни состаноци, инаку тоа негативно ќе им влијае на местото и работата.

Како што вчера објавивме шест полицајки веќе поднеле пријава дека повеќе од една година биле сексуално вознемирувани со закани дека ќе го изгубат работното место од раководно лице во полициска станица во Скопје.
Од МВР велат дека веќе ги испитуваат сите наводи од пријавата.

„За случајот известени се Одделението за Крвни и сексуални деликти при СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кои веќе преземаат мерки и активности за негово расчистување и строго санкционирање. Веднаш по расчистувањето ќе ја известиме јавноста. МВР има строга политика околу Сексуално вознемирување, и го осудува како апсолутно неприфатливо и недозволиво”, велат од МВР.

Полицајките ги повикуваат сите надлежни институции да го расветлат случајот за кој биле информирани и одговорните од Независниот полициски синдикат.

Синдикалците бараат заштитни мерки за полициските службенички и се сомневаат дека бројот на полицајките кои биле сексуалномалтретирани бил поголем.

Пријавениот, според неофицијални извори уште е на истото работно место.

 

loading...