Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

До сите оние граѓани кои што се со намера да ги бојкотираат претстојните парламентарни избори

До сите оние граѓани кои што се со намера да ги бојкотираат претстојните парламентарни избори, револтирани поради НАСИЛНАТА, неетички, неморална, и незаконска промена на нашето уставно име…

Напомена:
Исчитајте го ова најпрво 2-3 пати, па потоа размислите малку, па повторно исчитајте го целиот текс до крај, па потоа коментирајте…

До потенцијалните бојкотирачи на претстојните парламентарните избори.

До сите оние граѓани кои што се со намера да ги бојкотираат претстојните парламентарни избори, револтирани поради НАСИЛНАТА, неетички, неморална, и незаконска промена на нашето уставно име…

Напомена:
Исчитајте го ова најпрво 2-3 пати, па потоа размислите малку, па повторно исчитајте го целиот текс до крај, па потоа коментирајте…

Во една прилика, дискутирајќи на темата околу НАСИЛНАТА промена на нашето уставно име, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски рече:
„Она што еден БУДАЛА може да расипе, тоа 10 паметни неможат да поправат“.

Јас скоро во потполност би се сложил со ова, и само малку технички би ја поправил оваа наша народна поговорка па би рекол, „Она што една будала може да расипе, тоа 10 паметни ТЕШКО ќе можат да го поправат“.
Тешко, но не е и НЕВОЗМОЖНО…

Но светот не се бави со нас, со нашите емоции и не знае детали за нас. Тие слушнаа само „breaking news“ дека проблемот помеѓу Македонија и Грција е решен.
Тие слушнаа дека проблемот е ЗАТВОРЕН.

И сега секаква промена и ретерирање од тој договор ќе значи иритација на меѓународната заедница, и успорување на нашите интегративни процеси.

Но ова ниту од далеку не значи дека битката за името е загубена. Во меѓународното јавно право (и не само тамо), ништо не е КОНЕЧНО!
И секогаш има ден потоа, а нов ден е и нова борба…

Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и сами гледате дека НЕ СЕ ПРЕДАВА, и дека се бори по ова прашање.

И сега што очекувате вие од нив, уште од сега да кажат „АЧИК“ дека по промената на власта ќе изнајдат правен основ за СУСПЕНЗИЈА на преспанскиот договор?

Ако тоа го сторат уште од сега ја добиваат американската амбасада во земјава за свој ПРЕДИЗБОРЕН ПРОТИВНИК.
И не само американската, туку и европската унија ја добиваш за противник.

И ќе може ли ова ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ против толку моќни противници, и од земјава од странство?

Би било ли паметно тоа?

Свесни ли сте вие која е нашата МЕГУНАРОДНА ПОЗИЦИЈА како држава?
Свесни ли сте вие каква е нашата ВОЕНА, ПОЛИТИЧКА, ЕКОНОМСКА, и КУЛТУРНА позиција во светот?
Свесни ли сте вие дека СВЕТОТ ни оддалеку не нè сака нас, колку што се сакаме ние самите?
Свесни ли сте дека не нè фермаат?
Свесни ли сте вие дека на европските и светските самити, нашите претставници, не ги „есапат“ воопшто за присутни тамо?

Кога немаш ВОЕНА МОЌ (но и људство) како Русија,
мораш да одбереш ДРУГА СТРАТЕГИЈА за оддржување на националните интереси.

Јас комуницирам со највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и знам дека тие НЕ СЕ ПРЕДАВАТ по ова прашање.
И тоа тие јавно и го кажуваат дека не се предале, и имајте во предвид дека тие се политичари на високи позиции и ја немаат таа слобода ЈАВНО да говорат за некои работи и планови кои се дел од стратегијата.
Тоа би било наивно од нивна страна за вака сложена проблематика.

И…
Со кого нашата држава има поголеми шанси да си го врати името?
Со ВМРО или со СДССМ?

Па СДССМ го закопа името. Си зема за право да само со 23% поддршка од припадниците на македонскиот народ во земјава НА СИЛА го протурка ова, и без мандат од граѓаните (на државава) сèвкупно, а уште помалку од нас Македонците.

Гледате ли дека ова КАДРОВСКИ МИЗЕРНО раководство на СДССМ нити можеше тогаш (како опозиција) да им се допадне на Македонците во земјава, а нарочито сега немаат никакви шанси кај нас македонците, после ваквото практикување на власта и сите СКАНДАЛИ и ПРЕДАВСТВА кои ни ги приредија, и…

И поддршка од нас Македонците НЕМААТ, а желба да останат на власт имаат. И не само што имаат туку и „ГОРАТ“ ЗА ДА ОСТАНАТ НА ВЛАСТ.

А како ќе останат на власт?
Па така што сега ТАРГЕТ им се останатите етнички заедници во земјава, кои сите заедно се дури 33% од вкупната популација во земјава.

Свесни ли сте дека ќе има сè НОВИ и НОВИ клиентелистички ветувања и испораки пред сè до Албанците, за со албански гласови да се обидат да го компензираат недостатокот од македонски гласови.
А ние ако продолжиме да се цепкаме вака, во тоа ќе им помогнеме.

Не ли се изгоревме еднаш така (за време на политичката криза и шарената револуција), сега втор пат ли сакате?

Нели знаете дека секогаш има и од ЛОШО, ПОЛОШО?

Дали мислите дека Албанците ќе запрат на ДВОЈАЗИЧНОСТА?

Бива ли да им дадеме држава на „ТАЦНА“, без пушка?
Кој добил ДРЖАВА НА „ТАЦНА“ до сега на овој свет?

Ние како ја добивме оваа држава?
На „тацна“, или со пушка?

А на „тацна“ за жал ја „шиткаме“…

И тоа само затоа што ИДИОТИ нè водеа во изминативе па и 20 години.

Ако останете на ставот да бојкотирате, му ги зголемувате шансите на ЗАЕВ, за некакво си формирање на некаво си парламентарно мнозинство каде што ПОВТОРНО ќе бидат дефакторизирани Македонците.

Малку ли ни беше еднаш наше дефакторизирање во сопствената држава, па сега уште еднаш ли сакате?

(екскурс)
А Груевски да сватеше „колку е саатот“, и да го дозволеше „Валандовскиот конгрес“ уште при крајот на 2015-та година, немаше толку народ да се ИЗРАДИКАЛИЗИРА против него, и ВМРО сèуште ќе си беше на власт, и сèуште ќе ги имавме старите државни „сетинзи“ кои ги „сетираа“ македонските национални интереси.

Напомен: Јас во 2015-та повикував на ова и пишував колумни на темата дека само комплетна промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ (уште тогаш при крајот на 2015-та) може да го спаси кредибилитетот на партијата, и само така партијата може да остане на власт.
(крај на екскурсот)

Io dico seguitando… (Јас продолжувам велејќи…)

Со еманципацијата на Албанците во земјава, ги фаќа и нив „лека полека“, ЗАПАДНО ЕВРОПСКИОТ „ДЕКАДЕНС“. Она што започна најпрво во северна европа, па продолжи во западна и централна, за да на крај заврши кај нас на балканот.
„Њуз продукт“ на тој „декаденс“, но и директна последица на него, е така наречената БЕЛА КУГА, односно опаѓање на наталитетот кај населението секоја година.

Ова засигурно говори дека Албанците „многу скоро“ ќе престанат да нè состигнуваат во процентите, а со тоа опасноста да ни ја превземат државава „цивилизирано“ на избори, е минимална.

И затоа ние сега треба во следниве 20-30 години да издржиме во одржување на унитарниот карактер на државата. Ако ги одбиеме во овој гореспоменат период, потоа веќе со сигурност можаме да кажам дека унитарниот карактер на државата и границите на државата ќе ни бидат безбедни.

Сега ова раководство на ДУИ со добивањето на двојазичноста на целата територија на РМ, како и другите бенефити кои им ги овозможи СДССМ, велат дека се задоволни и НЕМААТ нови барања.

КЕШКИ ДА Е ТАКА!

Но гледате, таман си задоволил една политичка партија каква што е ДУИ, и една политичка кариера каква што е кариерата на Али Ахмети, веднаш ти се јавуват „неки нови клинци“, какви што беа тие од БЕСА со идеа за РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА.
Со идеа за федерализација и кантонизација.

И гледате?

На овие идеи и ветувања, БЕСА се етаблираше како втор политички фактор кај албанците во земјава.

Ова говори дека таа нивна романтичарска идеа за ГОЛЕМА АЛБАНИЈА е сèуште жива. И нормално е да е жива, затоа што таквите идеи „тлеат“ кај секој народ, но никој народ не успеал да направи држава по етнички граници. Па имате само 8 милиони Руси во Украина и уште веројатно бар 30 милиони Руси во сите останати околни земји, околу Русија. Па само во Казакстан 20% од популација се Руси и тн…

И како што реков погоре идеата за ГОЛЕМА АЛБАНИЈА која тлее (сигурно бар) кај еден дел од Албанците, е за мене сватлива и норманла. Но исто така за мене сватлива и нормална е и нашата идеа да ние тоа ним не им го дозволиме, и да ги задржиме границите воспоставени од нашите предци.

Но со кого ќе го задржиме УСТАВОТ, УНИТАРНОСТА и ГРАНИЦАТА?

Со Зоран Заев, и со оваа гарнитура на СДССМ?

Гледате дека (уште тогаш) спомнуваше кантонизација, независно што подоцна порекна. Гледате ли каков ШАРЛАТАН и ЛАЖГО е?

Зар вреди повеќе неговиот збор?
Зар можеме да бидеме сигурни дека нема да биде променет унитарниот карактер на државата ако тој е фактор на политичката сцена во земјава воопшто. Немора нужно да биде на власт.

Гледате дека Заев СÈ фрла „ОЛ ИН“. Сè што не е негово.
Приватен имот се фрла „ОЛ ИН“, но не и националните интереси на македонскиот народ.

Освестете се!
Вие сте под хиноза!
Како што некогаш под хипноза бевме ние некогашните поддржувачи на шарената револуција.
Не дозволувајте да ја дуплираме грашката.

ВАШ БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ ЌЕ ЗНАЧИ ИНДИРЕКТНА ПОМОШ ЗА ЗАЕВ, ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТИ.

p.s
Нешто што со сигурност можам да ви го ветам, е тоа дека ние СО СИГУРНОСТ ќе си го вратиме името МАКЕОНИЈА, по нашето полноправно членство и во ЕУ, и тоа најмалку за домашна употреба.

Ова можам да ви го ветам со СТО ПОСТОТНА сигурност!

Исто така можам и да ви ветам и дека новото парламентарно мнозинство (чии дел најверојатно ќе бидам и јас), ќе се бори и за нешто повеќе, и за нешто побрзо од погоре ветеното, но околу ова неможам нешто поконкретно да ви гарантирам, затоа што не сум „трчи лажи“ човек како Заев.

Можам да ви гарантирам само БОРБА!
(особено и ако Грција продолжи да ја игнорира примената на обврските на преспанскиот договор од нивна страна.)

Можам да ви ветам за името БОРБА, но и „сенс“ за сèвкупната политичка клима во Европа и пошироко, како и „сенс“ за сèвкупната консталацијата на силите во светот, како и „сенс“ за односот на големите сили и нивното тогашно актуелно гледиште по оваа наша проблематика.

loading...