Search
понеделник 22 јули 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

ДО КАДЕ Е СЛУЧАЈОТ СО ИЦЕ КОЈ И ДЕН ДЕНЕС ЛЕЖИ НА КАРИЛ ВО КОМА, А ТЕПАЧИТЕ СЕ ВО БЕГСТВО?

На 07.06.2019 година во 01.05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во близина на дискотека во Градски парк во Скопје, на улица бил пронајден И.А. (38) од Скопје, кој лежел во бесознание со повреди од претходен физички напад. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

претепаниот Ице А.

Според информации на Доказм од блиски луѓе на повредениот настанот се случил во раните утрински часови четврток спрема петок во дискотеката во Градски парк ПРИВИЛИЏ, Ице бил претепан и во бесознание фрлен во каналот каде го нашол некој случаен минувач според наши информации поради близината наводна на еден од напаѓачите со дискотеката камерите во дискотеката биле вон употреба исклучени, ама напаѓачите биле сепак снимени од камерите на МВР поставени во градскиот парк и полицијата има сознание кои се напаѓачите и за истите распишале интерна потрага. Во овој текст нема со име да ги откриеме напаѓачите иако за истите и ние имаме сознание да не сметаме на истрагата но доколку се закочи или недај боже се случи нешто со повредениот истите ќе ги објавиме со име презиме и слики.

Можеме само да истакнеме дека нападнатиот инаку бивш спортист е претепан од тројца луѓе познати на законот како тепачи на еден друг кое дело е забошотено и за истото не одговарале од тоа е и стравот на роднините на Ицо дека и во овој случај е можно истите да бидат спасени од одредени политичко полициски структури затоа и се обратија до нас да го актуелизираме случајот.

Забошотената тепачка од која се извлекле иако и таму има тешко повреден е општо позната на јавноста и кога ќе објавиме јавноста ќе знае.

Се надевме дека МВР овој случај ќе го реши! ЗА ШТО НАШИОТ ПОРТАЛ ДОБИ УВЕРУВАЊЕ ОД НАЈВИСОКИТЕ СТРУКТУРИ, ПА АЈДЕ ДА ВИДИМЕ!

loading...