Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

ДИЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СОПРУГАТА НА „МЕЧКАТА“ ЈОВАНКА АРНАУДОВСКА СПРОВЕДУВА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ЗА ПИСМОТО „ПОЧИТУВАН БРАТУ“!

Дисциплинска постапка против Виш Социјален работник Јованка Арнаудова ,поведе ЈЗУ „Општа Болница “ Охрид , од како редакцијата Охридскај објави Факсимил од фамозната службена поштенска пратка на ЈЗУ Општа Болница -Охрид до  лицето Александар Матоски од Струга.

Имено , како што обзнанивме ,вработената во ЈЗУ „Општа Болница “Охрид , на работно место Виш социјален работник во одделот Психијатрија, користејќи ја својта службена положба и овластувања , во име на Општа Болница Охрид , испратила СЛУЖБЕН ДОПИС На ден 12-07-2018 година преку пошта,  заведен под број 03/СЛ од 12-0702018 година до лицето Матоски Александар (Сандре) ул. Елпида Караманди Бр.2 -Струга. Поштарината е платена од сметката на ЈЗУ Општа Болница Охрид. вО СЕВКУПНИОТ ДОПИС ИЗВРШЕНО Е КЛАСИЧНА ЗЛОУПОТРЕБА  на здравствената институција ЈЗУ Општа Болница Охрид , од страна на вработената Виш Социјален работник , бидејќи во писмениот допис ,вработената наместо службена коресподенција , во име на ЈЗУ Општа Болница Охрид ,имала приватна родбинска коресподенција , со што крајно е нарушена честа на Здравствената институција.

ЈЗУ Општа Болница Охрид , дисциплинската постапка против Вишиот социјален работник Јованка Арнаудовска ,вработен во болницата  ја покренала в‘чера на ден 11-02-2019 година, од како директорката и менаџментот прочитале на ОхридСкај.

Од менаџментот на Болницата за ОхридСкај потврдија дека е покрената дисциплинска постапка против вработената на Работно место -Виш Социјален работник Јованка Арнаудовска  и , истите се зачудени како можело да има ваква службена комуникација во Име на Општа Болница Охрид ,за приватни потреби!?

Сашо Денесовски

OHRID SKY

loading...