-После ова барем изненадување не треба да има за тие што ги гледаат односите во нашата земја и однесувањето на З.З. Какви уставни принципи за рамноправност на власт, какво владеење на право, каква Европа конечно со која цело време се фали и трча низ сите можни што нешто значат во Европа, затоа што ова е врв на кршење на Уставот на сите можни правни принципи. Сите овие што подлегнале на таквото негово сценарио и валкано однесување во континуитет, нека ги искинат своите дипломи, но во целава оваа ситуација јас имам едно сериозно прашање, не по прв пат лицето Љубомир Јовевски што работи во оваа земја? Се чувствува ли повикан? Се чувствува ли повикан за очигледно признание за кршење на сите можни уставни и законски принципи, вели Димовска.

Таа додава дека одговорност мора да има затоа што ако го отворите кривичниот законик не треба да сте некој дипломиран правник за да видите дека дефиницијата на едно туце што би се рекло кривични дела во кривичниот законик стојат и сите се прават дека не ги гледаат, меѓутоа вие и јас не сме тие што треба да отвориме постапка, туку тој што го споменав претходно.

-Како тоа обвинителката на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција ќе ги води судските процеси, ама во насока во која сакаме одредена одлука да постигнеме и друго не нѐ интересира. Затворање очи пред ноторни факти, ова е невидено и дефинитивно мора да му се наложи од јавноста, јас како граѓанин го велам ова да му се наложи на јавниот обвинител да си ја работи работата за која е избран, за која дал заклетва и за која прима плата, заклучува Димовска.