Search
петок 20 септември 2019
  • :
  • :

Џихадисти го снимиле моментот кога биле разнесени од Сириската арапска војска

Џихадисти го снимиле моментот кога биле разнесен од Сирислата арапска војска

Група  џихадисти го снимила со мобилен телефон моментот кога биле разнесени од страна на Сириската арапска војска (САА) во јужен Идлиб. Сириската војска подоцна го презела телефонот од еден од џихадистите, откако го заземале тоа подрачје.

Невладината сириска Опсерваторија за човекови права соопшти дека воздушните напади на Идлиб во северозапад во Сирија се прекинати утринава, по стапување на сили на примирјето кое го најави Русија.

Нема воени авиони на небо и воздушните напади престанаа – изјави Рами Абдел Рахман, директорот на Опсерваторијата.

Според него конфликтите меѓу силите на власта на претседателот Башар ал Асад и бунтовниците исто така престанале по стапувањето на сила на едностраното примирје, но испалувањето на ракети е продолжено.

Руската војска синоќа објави дека едностраниот прекин на оган, кој се однесува само на сириската војска, стапува на сила утринава во областа Идлиб.

loading...