Search
среда 20 ноември 2019
  • :
  • :

Џамбазов за „Бекстејџ“: „Чичко Игор нема деца и понекогаш си плаче сам!“

Екипата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ направи интервју со македонскиот шоумен Игор Џамбазов, а кога тој ќе се најде пред камера и микрофон, тогаш е јасно дека треба да се одвои повеќе време за сè она што Игор ќе го сподели пред јавноста.

Без задршка тој зборуваше за пороците, за жените, тоа што не се оствари во улогата на родител и како ги доживува децата, но и за тековните проекти на кои работи.

Започна да зборува за пороците, односно за алкохолот за кој вели дека е перверзно тој да дели совети за здрав живот, но веќе две години не ставил капка алкохол во устата.

-Мојата ера со пороците заврши. Веднаш се чувствува разликата и ментално , физички и вербално, мозокот ти работи 300 на час. Почнав да се сеќавам на работи кои ги имав изгубено, стари лаптопи, тетратки…Почнаа да ми се појавуваат цели приказни. Можеби е перверзно јас да ве учам на здрав живот. Еве и една порака до сите оние кои пијат. Одземете од гаста и еден ден организмот сам ќе ви каже кога да прекинете, вели Џамбазов и додека дека откажувањето е многу слично како она што го гледаме на филмовите.

ФОТО:ИНСТАГРАМ/ИГОР ЏАМБАЗОВ

-Откажување од алкохол е исто како од дрога. Како на филмовите, тресење на раце, нозе, вилица, гради, тахикардии, депресии, ја заврши мислата за порокот кој како што тврди сега е далеку зад него.

Во последно време Игор е доста активен на социјалните мрежи каде објавува детали од своето секојдневие, а не ретко знае да напише и свое видување за некои актуелни теми, но и за својата приватност. Па така, неодамна осамна негов статус дека се уште ја бара својата жена за доброутро, а на прашањето дали ја најде вели:

-Ако требаше да се појави, досега ќе се појавеше. А и тие што се појавуваат се кариеристки. Тешко дека можам да издржам жена повеќе од неколку часа. Не дека вие жените сте проблематични, туку јас сум станат проблематичен. Јас сум сапиосексулаец. Тоа значи дека ти е доволен интелектуален муабет со спротивниот пол пол, а во текот на вечерта ако дојде до секс, уште поубаво. Во другиот живот можеби ќе знам да се справам со жените, во овој не успеав, открива Игор.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/БЕКСТЕЈЏ

Иако своевремено се ожени, бракот не му успеа, а исто така и да оформи семејство и да има деца, улога која не крие дека му фали.

-Неодамна еден актер ми го остави синот на чување, мораше да замине некаде и јас требаше еден час да го чувам. Дојде кај мене и ми хаправи хаос во станот и во главата. Татко му дојде по него, го изнесов малиот и му реков: „Срце, чичко Игор нема деца и понекогаш си плаче сам, тајно!Заради тоа кога ќе ми дојдеш ти на гости, многу се радувам што немам деца!“

ФОТО:ИНСТАГРАМ/ИГОР ЏАМБАЗОВ

Инаку, кога станува збор за неговите тековни професионални ангажмани, Џамбазов периодов работеше на новиот детски телевизиски серијал „Дајте музика“, за кој ги напиша стиховите за песничките кои ќе ги пеат децата. Освен тоа, овој четврток тој настапува на традиционалната манифестација „Вино фест“ во Скопје.

loading...