Search
среда 19 февруари 2020
  • :
  • :

ЏАФЕРИ СЕ НАЛУТИ: ТЕАТАР ВО СОБРАНИЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ, ПОВИКУВАМ НА ЛИДЕРСКА СРЕДБА

Собраниската седница за законот за Јавно обвинителство одложена за утре во 11 часот. Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека ја седницата ја одложил поради бројката од пријавени повеќе од 30 пратенци за дискусијаи и поради жалбите од пратениците што ги примал во текот на целиот ден дека се изморени.

Во однос на пораките кои некои од пратениците му ги праќале преку фејсбук, Џафери рече дека тој нема таков профил, и им порача дека ако преку такви пораки повикуваат дека имало можност да се создаде ново мнозинство, ги повика утре на лидерска средба.

-Се додека примам пораки дека има можност да се создаде друго мнозинство дека ќе биде поуспешно, јавно ги повикувам партиските лидери доколку сериозно мислат дека имаат потреба да создадат друго мнозинство, јавно ќе организирам преку мојата покана во текот на утрешниот ден да имаме лидерска средба согласно Пржинскиоит договор, согласно договорот за предвремените избори од 12 април, да потврдиме дека има желба да се одржат изборите на 12 април, истакна Џафери.

Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

loading...