Search
вторник 26 март 2019
  • :
  • :
loading...

ДЕНЕСКА Е ТАЖЕН И ТРАГИЧЕН ДЕН ЗА ВМРО ДПМНЕ

loading...

„Погребувањето на правото се вика 211 години затвор. Се потврди дека казните се драконски зашто се суди од политички мотиви. Пресудите и прогонот нема да му помогнат на Заев“, истакна генералниот скеретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на денешната прес-конференција.

Според него, директорот на БЈБ, Митко Чавков, кој на 27 април 2017 преземал мерки за ситуацијата да не ескалира е осуден, а како што рече, за МВР од каде не било преземено ништо нема постапка.

ПУСТИ МИЦКО, ОСТАНАА САМО УНГАРСКА И РУСКА АМБАСАДА ШТО НЕ ГО ИШАМАРАА: Изјавите на Мицкоски за Нирнбершките процеси се неприфатливи, реагираат од германската Амбасада

Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна, смета Амбасадата на СР Германија во Скопје.

Во својата писмена реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која судењето за случајот „27 април“ го спореди со Нирнбешките процеси, амбасадата наведува дека „со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците“.

-Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за Нирнбершките процеси се целосно неприфатливи, се наведува во писмената реакција на германската Амбасада.

Амбасадата на САД во Северна Македонија вчера реагираше на, како што оцени,  потпалувачките изјави на политички лидери што предизвикуваат страв и поделби, особено кога некоректно за политички цели се користат историски настани како што е Нирнбершките процеси.

КАЦАРСКА ГИ СКАРА ДВАЈЦАРА НЕРАЗДВОЈНИ ОРТАЦИ ОД ПОДЗЕМЈЕТО: КОЉО СЕ ЉУТИ ШТО НИНЏА ДОБИ ДУПЛО ПОМАЛЦЕ КАЗНА ЗАТВОР!

Судечкиот совет ги раздели нераздвојните пријатели Никола Митевски Кољо и Александар василевски Нинџа, иако двајцата во бегство по 27 Април, Нинџа доби 8, а Кољо 15 години затвор.
Обвинителството за двајцата побара да им биде продололжен притворот.
– Не барам да ми се укине притворот бидејќи сам се пријавив и двата пати. За едно исто кривично дело, за еден шамар добив 12 месеци притвор, а други се амнестирани. На оваа пресуда некој да добие под минумот, а некој повеќе ќе се жалам. Притвор 12 месеци ќе чекам и Апелација и Врховен не барам да ми го укинете притворот, рече Кољо.
Неговиот адвокат, сепак, рече дека има пресуда на Европскиот суд за човекови права а тоа е дека не може да се суди колективно и да се бара притвор за сите.
-Зошто и после 30 години не се почитива ништо, ниту праксата ниту членот 5 од оваа Конвенција која вели презумцијата на слободата е појака од презумцијата на притворот. Висината на казната е еден од факторите но не е одлучувачки фактор. За жал ниту судовите ниту ЈО не ги почитува. За мојот клиент самиот се предафе, самиот отиде во притвор, има сопруга, има болно дете, но за жал некој ниту го цени тоа нити ќе го цени. Фактот е што сите отидоа во куќен притвор, посебно амнестираните, а Никола остана во притвор, рече адвокатот.
Адвокатот на Нинџа,  Звонко Давидовиќ, рече дека неговиот клиент беше единствен кој јасно кажал што се случило и добил казна под законскиот минимум.
-Предлагам мерката притвор да му се замени со куќен притвпр затоа што обвинителството не даде ниту еден доказ ниту сомневање дека ќе се даде во бегство, рече Давидовиќ.
Нинџа додаде дека ако Судечкиот совет му ја ублажи мерката во куќен притвор нема да бега.
loading...