Search
петок 15 ноември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

ДЕЛ ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ НА ПАРТИСКИТЕ ФУНКЦИИ?

Foto

Владејачката СДСМ утре на Централен одбор во Охрид ќе одлучува за следните чекори на внатрешно политички план, промените во раководството на партијата и најавената реконструкција на Владата.

Според сознанијата на партиските функции – најверојатно ќе бидат вратени дел од досегашните потпретседатели, а дел ќе бидат заменети со нови. Отворено ќе биде и прашањето за долгонајавуваната чистка во Владата, односно смените на министри и директори, чии имиња најверојатно ќе бидат обелоденти за една недела.

Според информациите, предвремените избори не се во игра откако по средбата на канцеларката Меркел и премиерот Заев стигнаа позитивни сигнали за датумот за преговори за членство во Унијата. И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе посочија оти периодов не бараат предвремени парламентарни избори и подадоа рака за заедничко надминување на предизвиците и успешно реализирање на реформските процеси во насока на евроинтегративните процеси на земјава.

loading...