Search
сабота 20 април 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

ДАЛИ ВРХОВЕН ЌЕ МУ ГО УКИНЕ КУЌНИОТ ПРИТВОР НА БИЗНИСМЕНОТ ОРЦЕ КАМЧЕВ ДО ПЕТОК?

Foto

Жалбата со која бизнисменот Орце Камчев бара да излезе од куќен притвор повеќе од три дена патува до Врховниот суд. Адвокатите ја поднеле во петокот, за случајот „Империја“, а од Врховен велат сеуште не пристигнала.

Оваа жалба ќе биде првиот тест за врховните судии, откако го донесоа начелното мислење со кое го прогласуваат СЈО за ненадлежно да отвора истраги и да поднесува обвиненија по 30 јуни 2017-та.

– Истрагата „Империја“ и притворите беа побарани по истечениот рок за покренување истраги и со самото начелно мислење кое го донесе Врховниот суд, СЈО е неовластен тужител кој бара мерки. На таа одлука и се повикавме во жалбата. – одбрана на Орце Камчев.

Извори од Врховен суд велат дека таму сеуште има судии кои се во дилема , откако ќе почнат да постапуваат по жалбата дали мислење да побараат од СЈО или од редовното обвинителство, како што е предвидува законот.

За тоа ќе одлучи надлежен судечки оддел или лично претседателот Јово Вангеловски, велат истите извори. Во телефонски разговор, првиот човек на Врховен не прецизираше како ќе се постапува.

– Нема место за дилеми, но кога ќе стигне жалбата ќе одлучуваме согласно законот. Ќе биде внимателно разгледан предметот. Сега не можам да кажам. – Јово Вангеловски – претседател на Врховен.

За адвокатот Еленко Миланов,(30,01,2019 ) кој ја иницираше одлуката е јасно од самиот почеток дека со мислењето од Врховниот суд ќе ќарат осомничените во Империја, Камчев и Мијалков.

Пред 5 дена Апелација не го испочитува мислењето на Врховен и го продолжи куќниот притвор на Камчев. Во меѓувреме кривичен иницираше, а обвинителството побара од Собранието автентично толкување на мислењето на Врховниот суд, но и порача дека ќе ги преземе сите предмети од СЈО, за да не пропаднат. СЈО досега не органзираше брифинг или прес конференција по ова клучно прашање за неговата судбина, но вчера селективно покани неколку новинари на брифинг. Обвинителката Лиле Стефанова во детали ја образложила истрагата Империја, а тв24 и нејзините гледачи не беа удостоени иако во повеќе наврати беа побарани одговори за овој случај. ТВ24 реагира на селективноста и нетранспарентноста од страна на СЈО, кое е финансирано од државниот буџет.

https://youtu.be/i38Zp3dMEdg
loading...