Search
понеделник 17 јуни 2019
  • :
  • :

Дали пари не беа доделени заради Сони Петровски, а не заради желбата на Министерот Асаф Адеми?

Многу врева се крена околу недоделувањето средства за Денови на македонската музика на СОКОМ. Од извори упатени во проблематиката има уверувања дека и комисијата и министерството се свесни за важноста на СОКОМ и на ДММ. И дека решението да не се доделат средства не е дирекно поврзано со нив, туку со некои постапки што ги правеле одговорни членови на СОКОМ, без притоа да знае членството. А, за што Министерството е запознаено преку вонредната инспекција направена во СОКОМ во јуни 2017 година. Затоа би било добро претседателот на СОКОМ Сони Петровски да одговори на неколку прашања:

  1. Дали е точно дека во декември 2016 година (пред самите парламентарни избори) на сметката на СОКОМ се префрлени 500.000 денари. И дали е точно дека за ова не се запознаени ниту претседателството ниту членството на СОКОМ?
  2. Дали е точно дека овој износ потоа е префрлен на друга невладина организација, со непозната натамошна судбина на парите? Повторно без знаење на членовите ио престседатечството на СОКОМ?
  3. Дали е точно дека Министерството за култура, врз основа на неподнесување извештај за реализација на овие пари (проектот е финансиран од секторот за меѓународна соработка?), побарало вонредна инспекција? (И за ова претседателството и членството не знаат ништо)
  4. Дали е точно дека по вонредната инспекција Министерството констатирало дека проектот не е реализиран според наменатаа и затоа побарало поврат на средствата? (претседателството немало повторно врска со информација за надзорот нуту со извештајот)
  5. Дали е точно дека од СОКОМ се обезбедени средствата (кои претходно се веќе исплатени на друга невладина организација со нејасна намера) со кредит, за кој ниту тогаш, ниту денес знаат ниту членството ниту претседателството?
  6. Дали по сево ова Министерството може да има доверба кон раководството на СОКОМ кое што треба да располага со средствата за ДММ?

 

Министерството очигледно го респектира СОКОМ и ДММ, но не и определени постапки што ги презема раководството

loading...