Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

ДАЛИ ДРАГАН НОВОСЕЛ ХРВАТСКИОТ ТУЖИТЕЛ ГИ СПРЕМИ ОБВИНЕНИЈАТА НА СЈО И ИМ ГИ ДАДЕ ГОТОВИ?

Драган Новосел е заменик државен јавен обвинител во Хрватска или барем беше што е кој е имате линк подолу

ЛИНК КОЈ Е НОВОСЕЛ ТУКА

тој во ова интервју сaмиот кажува дека ги средува обвиненијата и обвинителстовото CJO, а овде во Македонија се ќути за него и неговиот придонес и уште побитно кој го плати за тоа оти кај нас нема пишано никаде исплата

да ве прашам ЗОШТО НИКОЈ НЕ ГО СПОМНА ДЕКА Е ВО СЈО, И ЗОШТО ГО НЕМА НА ЛИСТИТЕ НА ИСПЛАТА ЗОШТО СЕ КРИЕ ЧОВЕКОТ, ЗА НЕГО ЗНАЕ САМО КАЛЕ, САЛЕ И ЗАЕВ И НИКОЈ ДРУГ….

СОВЕТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА СТРАТЕГИЈАТА

Законите за јавно обвинителство и за кривична постапка дел од реформите во правосудството

Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор (2017-2022) на Владата на Република Македонија синоќа ја одржа својата четврта седница на која се разгледуваа Законот за јавно обвинителство и Законот за кривична постапка, а беа ислушани и искуствата на САД и Хрватска, презентирани од јавните обвинители Џон Мекнил и Драган Новосел.

Јавниот обвинител на САД Џон Мекнил рече дека за судските постапки е битна транспарентноста, но и отпорноста на институциите, односно независноста на правосудните институции.

Обвинителот Мекнил ја поддржа работата на Специјалното јавно обвинителство и побара тоа да си ја заврши работата.

Во однос Академијата за судии и јавни обвинители обвинителот Мекнил смета дека новото раководство треба да спроведе одредени реформи.

Тој нема дилеми дека има и такви луѓе кои не сакаат да успее работата на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, но дека Владата на РМ мора да ја убеди опозицијата дека реформите во правосудниот систем се мост кој води до Европската Унија и НАТО.

Говорејќи за искуствата на Република Хрватска, јавниот обвиинтел Драган Новосел, Поглавејто 23 го оцени како „ноќен кошмар“, но во исто време и како најбитно поглавје во преговорите со ЕУ. Обвинителот Новосел, инаку творец на проектот УСКОК, се залага за снимање на судските постапки, но и водење на стенографија.

И обвинителот Новосел, како и неговиот американски колега го акцентираше проблемот со недостигот на јавни обвинители. Тој им порача на членовите на Советот за реформи во правосудниот сектор дека ставовите треба да ги градат заеднички, притоа потстувајќи дека и малите зафати може да имаат своја цел, но само ако се добро насочени.

Изразувајќи задоволство од слушнатото премиерот Зоран Заев, потенцираше дека Владата сака да ги слушне туѓите искуства, а особено оние практики кои се покажале како успешни.

На седницата членовите на Светот за реформи во правосудниот сектор го разгледуваа и планот за своите идни активности.

loading...