Search
петок 18 октомври 2019
  • :
  • :

Дачиќ признава дека згрешил кон Борисов за Косово, но Бојко бара јавно извинување

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека згрешил кога ја оценил како неприфатлива изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека шпанскиот дипломат треба да ја застапува позицијата на ЕУ во однос на Косово, а не на неговата држава, која е против признавањето на независноста на најмладата балканска држава.

-Премиерот Борисов всушност одговара на прашање дали Брисел ќе е пристрасен, зашто Шпанија не го признава Косово. Тоа за мене суштински го менува контекстот не неговата изјава. Со Борисов соработувам со години и бев изненаден од интерпретациите на неговите зборови во нашите медиуми. Сето тоа го прочитавме со министерката Захариева. Со Бугарија сакаме добри односи, пријателски, сојузнички и стратешки, зашто тоа е во интерес на двете држави и двата народа – рече Дачиќ.

Сепак, Борисов не се задоволува со повлекување на зборовите ниту со неформално извинување од страна на Дачиќ, туку, како што вели, бара јавно ивинување од српскиот шеф на дипломатијата.

-Вчера си дозволи да го повика нашиот амбасадор и да му каже дека моето однесување е неприфатливо. Дачиќ сега ќе види што е неприфатливо однесување. Тој сега ќе види … До вчера зборував со најдобри зборови, но откако си го дозволи тоа… Се додека не ми се извини на мене, не ме интересира што ќе кажат ниту Александар Вучиќ ниту Ана Брнабиќ – рече Борисов, додавајќи дека Дачиќ четири пати се извинил вчера, но не јавно

loading...