Search
петок 10 април 2020
  • :
  • :

Чулев: Не се чувствувам еднакво на седниците на Влада другите имаат вибер група Јавна владина соба мене не ме викаат

Македонија

Заболени
663
Мртви
30
Излечени
37
Активни
596
Last updated: 10/04/2020 - 08:59 (+02:00)

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека Министерството функционира, но тој не се чувствува еднакво на седниците на Влада.

-Морам да кажам дека не се чувствувам еднакво на седниците на Влада. Како што можевте да видите, ниедна моја прес конференција не беше одржана во Влада.
Има комуникација, но таа оди потешко и треба време. Да ви кажам еден банален пример: претставниците на Влада имаат формирано Вибер група каде што комуницираат, јас се уште не сум во таа група. Моите предлози дел се прифаќаат, дел не. Често и јас сум против некои од другите предлози, но со мнозинство тие се усвојуваат. Морам да кажам дека во интерес на граѓаните, јас често правам отстапки за да може Министерството да функционира, рече Чулев.

loading...