Search
сабота 20 април 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Чопор крволочни кучиња растргнаа жена среде улица: Ја нападнаа 11 гладни кучиња и ја изгризаа до смрт

Жена ја растргна и уби чопор од 11 кучиња, додека одела на работа. Неа прво кучињата ја бркале, а потоа ја турнале на земја и ја растргнале.

Маргарита одела кон наплатната куќичка во Мексико каде што работи, но тој ден одлучила да тргне по скратен пат.

Снимката од надзорните камери покажува дека жената наеднаш ја опколуваат 11 кучиња.

Таа се обидела да побегне, а потоа се губи од видокругот на камерата бидејќи очигледно паѓа на земја.

Според извештаите, кога е пронајдено нејзиното тело, на многу места кожата и била искината, како и косата и дел од черепот.

Врз основа на достапните информации, познато е дека кучињата биле со среден раст и дека веројатно ја нападнале зошто залутала на нивна територија.

Градоначалникот гу упатил членовите на центарот за Контрола и заштита на животни да го посетат местото на настанато и да ги пронајдат животните.

Полицијата води истрага и се уште не ја исклучува можноста кучињата намерно да се поставени на тоа место за да ја убијат несреќната жена.

loading...