Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

ЧИТАЈ ПАВЛЕ, КОЛЕШКАТА Одреден триесетдневен притвор за Моника Ристеска

Одреден триесетдневен притвор за Моника Ристеска

Моника Ристеска попладне беше изведена пред судија во Основниот суд Куманово, кој го прифати предлогот на дежурниот Јавен обвинител и и одреди триесетдневен притвор.

Околу 18 часот синоќа на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристевска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени околу пет грама канабис.

Моника уште вечерва ќе биде спроведена во затворот Скопје (Шутка).

Во решението за притвор судот се повикува на висината на запретената санкција и генерално врши copy-paste на наводите на обвинителството, што е изричито забрането со праксата на ЕСЧП (Миладинов и други против Македонија; Полискаја против Русија).

Моника Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината.

Одреден триесетдневен притвор за Моника Конопова

Ivana Bozinovska
пред 2 мин.

Сеедно што нарачувал независниот пратеник Павле Богоевски. Дал кокаин или масло за канабис. Нарачувал на ,,црно,, против она за кое се бореше во поранешниот режим.
Да бидам реална, од Павле не очекував многу туку премногу…Очекував дека ќе биде ист како на улица. Борец за правда и вистина.
А како поборец за правда и вистина, Павле имаше цели две години да излезе на говорница и да го изнесе својот проблем за маслото од канабис за своја блиска личност. што го прави Павле поинаков од претходните?! Можете да го браните колку сакате. Но Павле е независен пратеник и како таков требаше да застане пред јавноста затоа што веројатно и претходно нарачувал на ,,црно,, еве и масло од канабис и веројатно знаел дека некогаш ќе се соочи со слухот на јавноста и ќе наиде на критики.
Сочуствувам со болката на неговата сестра, лично имав пријател кој почина но земаше масло од канабис за да му се намалат и ублажат болките. Но не сочуствувам со неговата дрскост за да одбие тестирање.
Понудено му беше од адвокат Јанаки Митровски да му се плати тестирање во вредност од 60.000 денари и можност да ни затвори уста на сите. На целата јавност.
Па очекувам храброст како на улиците така и на неговиот дух да излезе и да направи тестирање. Доколку тестирањето покаже дека нема никакво консумирање на дрога, тогаш ќе добие извинување од целата јавност. Но, доколку покаже, оставката е неминовна.
Повели Павле Богоевски и направи тестирање. Јавноста тоа го очекува од тебе. И без оние тестирања на клиника со крв, МАНУ и детална анализа. Нас ни требаат пратеници кои ќе се грижат за нас, а не се во можност да си ја сочуваат ниту приватноста.
Повели тест и јас ќе бидам првата со извинување. Потенцирам, не со тестови од аптека, земање крв. Мали деца не сме, уште помалку наивни.

loading...