Search
недела 20 октомври 2019
  • :
  • :

ЧЕТВОРИЦА НОВИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО НЕВЛАДИНАТА НА БОКИ 13

Foto

Пет физички лица и едно правно се осомничени за финансирањето во невладината на Бојан Јованоски „Меѓународен сојуз“ потврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.  Лицата се осомничени за перење пари, помагање и измама. Меѓу осомничените четворица се нови, а за еден од нив се бара притвор, за останатите мерки на претпазливост. Од осомничените, едно лице е веќе во притвор, најверојатно Боки 13. Проширувањето на истрагата за невладината на Боки 13, доаѓа ден пред покренување на обвинение за случајот „Рекет“ во кој осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

loading...