Search
петок 10 април 2020
  • :
  • :

Четириесетина лица однесени во првиот државен карантин во хотелот Ибис и јас сакам у одајчето на Ана Камчева таму носете ме

Македонија

Заболени
663
Мртви
30
Излечени
37
Активни
596
Last updated: 10/04/2020 - 08:40 (+02:00)

Четириесетина лица кои што ноќва влегле во Северна Македонија воглавно на граничниот премин Деве Баир, се однесени директно во хотелот “Ибис” кај трговскиот центар “Олимпико” во населбата Тафталиџе како дел од мерките за справување со ширењето на КОВИД вирусот.

Ова е воедно и првиот државен карантин којшто владата го најави како мерка согласно одлуките од последната седница. Дежурниот тим на ИРЛ беше на терен за да види како се спроведува првиот полициски час кој започна во 21 вечерва, кога здогледа како поголема група луѓе влегуваат во овој хотел.

Тие излегуваа од автобус на компанијата “Вардар Експрес”, како и од неколку автомобили со странски и домашни таблички. Наоколу имаше полиција и војска, медицнски лица со заштитини скафандери, а го сретнавме и генералниот секретар Драги Рашковски којшто пред хотелот го набљудување спроведување на операцијата на носење на групата во државен карантин.

“Државата за овие карантини ќе плаќа околу 600 денари од човек под ден во кои што ќе бидат вклучени и три оброци, рече генералниот секретар Драги Рашковски во куса изјава за ИРЛ.

Денеска хотелиериете се побунија дека понудените цени од владата биле ниски и дека тие немале обучен персонал за вакви ситуациии.

loading...