Search
вторник 18 јуни 2019
  • :
  • :

ЧЕКАЈКИ ГО ИСУС -За Македонијата-

Колумни на Гоце Љ. Марков ЧЕКАЈКИ ГО ИСУС -За Македонијата-
Таа беше толку слаба и кревка, но и возбудлива по форма и содржина.Ме извозбуди од мигот кога се родив, испрскан со крвта од папочните врски на моите прадедовци.
Ја педа, ја мртовец. Ја земја, ја пепел…и се сторија тие фетуси и неконтролирани еротски страсти на наши први комшии (наши т.н. ,,татковци“).
Бев крстен во водата на Мајката, земјата Мама, крстен во плацентата уште нероден, знаејки дека само Фројд има одговор за сексуалната апстиненција и Кризата на Мајката. Во моите очи, во очите на моите брака и сестри по род и одрод се кријат очите на нејзините претходни чеда. Таа беше, и остана мајка на јунаци и чеда развратни блудни по профил и по бренд.
Беа желни за власт а наши-(не)наши, сепак деца од иста мајка а друг татко. Тие, млади, религиозни, испостени плачат и пагаат во транс за трошка профит, за трошка слава и пет минути власт. Пагаат во белината на снегот, во таа чистина незагадена од никаква човечка бактерија, корави кутриња на безочна кучка.И ден-денес пагаат пред нозете на Мајката , живи а неми, пред своите прародители глумат претседатели на задруги модерни, а всушност обични позери за Селфи на опшествената скала на глупоста.Традиционалните и скромни печалбари отидоа по сув леб и корка горчини а добија старосна дилема.Напред или назад?
Испилени во жегата на пладневното предворје на Бурата која иде,…незапирливо,знаеја дека практично се предадени во старт. Пред да почне оргијата Војна на плодните и јаловите ке има прилог во утрешните весници или предвесници.Паа, вие одлучете на која страна ке спиете вечер? На Левата или на Десната? Додуша можете и на стомак а можете и на грб.Секако тртичната коска веке ви е зафатена со рани. Плаче машкоста од нивните гради..па за ова ли бевме? Да шетаме Друмови ко лажни Кумови? Зар да чекаме години да ги згазат плеките наши за да Евро блудницата во црн сатен ко богомолка ни се закачила и сака да не оддели од Црквата, од Фамилијата, од најмилото? Гробишта ке биднат а Името не ке и го спомнете! Ке бидете `Блгари, Серби ке бидете! Ке бидете Греки, Албанци ли ке бидете?!
И бидете ако сакате Вие! Таа беше толку слаба и кревка, но возбудлива по природа и нарав, по географија и историја, (не)научена на canabis sativa и бело брашно, Западна девојка за сестра а селска девојка учена по стар ред да ја има за прва брачеда?! Зар личи? Исус остана далеку од испостени погледи на уште полажните црковници и пророци, мизерни (не)верници. Фиктивните животи на овие кукли , исфрустрирани индивидуи заслепени од болен кариеризам и реалаен атеизам , вешто скриен од очите на Масата,ни ја пр…..т Мајката!?Зар Мама!? Денес и Јас живеам со полни гради ги мирисам нејзините останки и трпки ме минат, оти ги лично ги знам оние кои Исус го изневерија.
Сега, останува само да го чекаме.Да се доипочитуваме во стилот на обичното борење на трева зелена, Ние, Разоттугените чеда на Мама. Сега, останува или да живееме како Црква или да си пукаме во главите?!Наместо да бараме гробно место за ближниот свој да се обидеме да се бориме за крајната неопходност, како ,,Електра“ на Софокле. Да проникнеме во Умот на сите опшествени слоеви и да го оставиме Очекуваниот да си поигра со мислите на застранетите чеда, да го ставиме Мудриот на пиедестал да го транспонираме Боговското во Човечко , приземјено , со вистински постапки и решенија.
Ве научија на разват и политички сили! Дилови ви беа во мислите, тендери и провизии…а Мама си страѓаше од своите синови, од ваму, од таму… Немојте бре чеда Божји, да си ја силувате Мајката! -посветено на Мама Македонија- Користена литература-сивите вијуги на авторот
Гоце Љ. Марков – колумнист и Македонец
loading...