Search
сабота 14 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Чаусидис ги поддржа новинарите, за Астеруд и политичарите имаат право да „трескаат“ за медиумските работници

Социјалните мрежи денеска окупирани со последната изјава на премиерот Заев. Коментари од новинарската фела не стивнуваат а со реакции се јавуваат и професори.
Новинарката Тамара Чаусидис преку Фејсбук ги поддржа новинарите, а под постот со коментар и возврати професорката Каролина Ристова Астеруд.

„ Откако се уверив дека изјавата не е некоја смешна монтажа, а ми требаше време да поверувам дека е реално она што го слушам, можам да кажам дека сум поразена, длабоко, лично – поразена! Сакав да верувам дека демагогијата на тема „слобода на изразување“ е искрена заложба со која оваа гарнитура дојде на власт, ама за која ете се досега се немало време, се некои други приоритети се на маса, ама кај да е барем насоката е правилна, се оди на ослободување, на немешање. Сакајќи да верувам се трудев да ја замолчам или да не и обрнувам внимание на интуицијата, на сомнежите особено по катапултирањето на Боки 13 како медиумски магнат кој се шепури со селфија со цела влада, навистина се обидував, ама вечерашнава изјава за суетниот новинар покажа дека ништо не се сменило, дека се што сме зборувале, за што сме се бореле донесе на власт само друга група која внимаваше јавно да не ги декларира истите вредности истото сфаќање на новинарството како и претходната. Поривот на новинарот да му лепите лични етикети (суетен, платеник) е ништо друго освен обид да се оцрни преку етикетирање новинарската работа која не ви се допаѓа или ве загрозува. Дали некој е суетен, повеќе или помалку темпераментен, дали е нервозен или бавен во реакциите, дали е убав или грд нема никаква врска со неговата новинарска работа. Интегритетот и тестот за новинарот е неговиот – производ и само врз основа на него тој смее да биде оценуван, критикуван, фален или деградиран . А тоа секако е работа на публиката, а не е работа на политичарите, а уште помалку на власта. Згора неа тоа обидот да барате „мотиви“ зад неговото пишување – дека ја уривал владата веќе е ново дно, тоа веќе говори за сериозен демократски дефицит и потреба да се пресмета не со оние што поткупувале и изнесувале вреќи, пардон брентирани чанти, пари врз основа, меѓу другото, и на демонстрација на блискоста со премиерот, туку со оние кои за тоа говорат или со право поставуваат прашања. Поддршка за суетните новинари. И да, немате појма колку сме суетни!“ – напиша на Фејсбук Чаусидис.
Од друга страна пак професорката Каролина Ристова Астеруд коментира дека и политичарите имаат право да „трескаат“ за новинарите како што тоа е случај и со новинарите.
Еве го коментарот на Астеруд:

„Тамара , чисто од принципиелна и концептуална основа , не ти е точно тоа , имено , дека “новинарскиот производ” е работа само на публиката , а не и на политичарите , уште помалку власта . По ова твоево , односот е еднонасочен , излегува дека политичарите не смеат да реагираат, немаат право на контракритика , контрареакција, одбрана своја ( колку и да е крив , не можеш да браниш да се брани , лупета , вреѓа , елементарна работа е тоа ) и сл. во однос на новинарските производи , скраја пишана или вербална атака врз новинарите. Од каде ви е тоа дека не ?! Што сте вие ? Богови ? Малолетни деца ? Исто за личните квалификации , ако може новинарите за политичарите , може и обратно , а сосема е друга темата во даден контекст за заслуженост на квалификацијата , за контекст , за мера , вкус и сл. , ниеден од засегнатите не е беспомошен и без право на (само)одбрана , ако консеквентно се почитува слободата на говорот, никој не може да глуми жртва , во двете насоки . Таа и таква слобода е двонасочна, ако гледаме строго правно , а ја има својата ефективност и функционалност само ако е и остане таква. Јас искрено не го разбирам ова проектирање на немоќ или криење на сопствената моќ кај новинарската фела ( оти со моќта оди и одговорноста , можеби ? Затоа ли себеинфатилизација ?) Исто и за личните суети. ( во конкретниот случај , од она што го знам засегнатиот новинар, круната од глава не му паѓа оти претседателот на владата го етикетирал ко суетен , бре , прв да не му е ?) . Да не се глуми лажни жртви , драма кралеви и кралици , имаат право и политичарите да “ трескаат “ за новинарите, како што е и обратното, многу подиспропорционално ( и не секогаш во функција на развој на слободата и демократијата , здравата политичка и правна култура баш кај публиката ) , билдајте и вие малце повеќе капацитет, и демократски , и за фер-плеј во “ударите”и “боксовите” , и за еднаквост на оружјето во оваа смисла , и не се кријте патетично зад ( моќта од ) публиката, како што политичарите не смеат да се кријат зад ( моќта од ) гласачите. Секако , сосема друго е ако некој политичар од слобода на говор премине на злоупотреба на политичка или државна моќ/власт за ефективно заќутување , но, повторно, истото важи и во обратната насока , не се правете медиумите и новинарската фела некаква безмоќна буква , имате и вие моќни инструменти за (зло)употреба. Конечно , знаеш дека не е точно дека “ новинарскиот производ “ е за ценење само од публика , има одредени правни ограничувања и правна одговорност , зарем не ? Тие секако треба да се по многу високи стандарди , висок праг( за да има одговорност , да појаснам , ова некои поинаку го разбираат, на што се мисли) , во многу ограничени ситуации и секогаш екстензивно во прилог на слободата на говорот, ама не само на новинарите , туку и на целото граѓанство , а како што следам , вашава фела не ја баш заболе за сеопштата слобода на говорот и изразувањето , не е дека нема индикатори по повеќе основи таа се повеќе да се ограничува , бајаги авторитарно, а баш треба будно да следите , а некои дури и самите се дел од тоа кога е за граѓанството ( публиката , де), политички неистомисленици и сл.Се на се , не/свесни или не/намерно ( негацијата е заради свесноста моја дека многу од нашите новинари субјективно се доживуваат како слаби и бегаат од признание за објективната моќ на професијата , медиумите , а и својата сопствена , особено најмногу кога ќе ја оплескаат , вадат штит на жртва, и после тоа копи-пејст како мантра, небаре оперативен кодекс за работа, и секогаш го вадат тоа како прв инстинкт независно од контекстот , дури и кога вината е апла на страна на новинарот / новинарката – еднаш дебатиравме јас и ти за ова , ако се сеќаваш ) да не се користат ситуации за продавање тези и “ вредност “ за некаква неодговорност и недопирливост на новинарите од критика ( основана или не) , па и за навреда ако доаѓа од страна на политичари ( ако не е ок навреди, тогаш не смее да има двонасочно , ама скраја ако дојдеме до таму да не можеме да ги навредуваме политичарите , па уште во нашава култура на издишани ега кои и критиката, критичките квалификации, дури и описни/констатирачки/вредносни од типот “ мрзлив “ се доживуваат за навреда , па тужакања оти никако да укинеме навреда како деликт – одличен избор за одмазда , малтретирање и финансиска заработка, небулозна како и да свртиш) , за некаква надмоќ над политиката и политичарите , со приказни за новинарска газела во челуста на политичкиот лав“, – коментира професорката.

loading...